11.9 C
Ohrid
четврток, април 25, 2024
ПочетнаМакедонијаВИДЕО: Швалерај и секси сцени од судии во основен суд 2

ВИДЕО: Швалерај и секси сцени од судии во основен суд 2

spot_imgspot_img

Разговор за трансфер од работното место и љубовна афера во канцеларијата на Основен суд Скопје 2. Снимката е направена во мај 2017, а објавена на јутјуб пред неколку дена. Во 40 минутното видео се гледа и слуша како соработничката тропа на масата на судија и му вели дека на неговата сопруга ќе биде отстранета од работното место секретара и дека ќе биде наставничка, а на нејзиното место ќе донесе девојка од Гостивар. Иако судијата не негира дека неговата жена е неспособна за работната функција која ја врши, сепак вели дека не можат да ја преместат бидејќи има решение и дека ќе ја тужи ако и го сменат работното место. Тогаш соработничката станува нервозна.

КОНВЕРЗАЦИЈА:

-Ова ти е последната средба со мене, точка.

Зошто?

-Да ставиш точка, овде денеска. Јасно ти е? Ова ти беше крајниот муабет со мене. Јасно ти е? Ти со мене ќе се тужиш.

Тебе ќе те тужам.

-Јас ќе ја сменам и да знаеш дека сега ќе видиш што ќе се деси. Ти си убеден дека она  ќе седи цел живот таму, коњу еден, селак еден. Само вака ќе ти кажам на тебе: 99% од работите немаш поима и не треба да имаш. Ти мене ќе ми кажеш дека таа смрдла со опинци заслужува. Па од тие не ни ја бива државата.

Потоа соработничката му го навредува семејството и националноста на судијата, кој е Албанец, и му вели дека неговата сопруга ја купила дипломата, дека не знае да поврзе една реченица, но благодарение на партијата е таму каде што е.

Нервозата помеѓу соработничката и судијата се смирува со бакнежи и гушкање.

Но, најважното прашање е кој ги поставил камерите и кој снима во Основен суд Скопје 2.

Портпаролката на овој суд Сања Томиќ – Велковски, вели дека е покрената постапка и дека истрагата од надлежните органи е во тек. Конкретен одговор на прашањето кој ги поставил камерите се уште немаат.

ВИДЕТО Е ПОСТАВЕНО ОД ЗОРАН БОЖИНОВСКИ НА НЕГОВИОТ ЈУТЈУБ КАНАЛ.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Врховен одлучи: Таткото на убиената Вања оди во домашен притвор

Врховниот суд на Република Северна Македонија ја уважи жалбата на таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, ја укина определената мерка притвор и за обвинетиот определи...

Стојанче: Овојпат ДУИ мора да падне, со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме

По вчерашниот пораз на СДСМ утрово се огласи и Стојанче Ангелов. СЕГА ИЛИ НИКОГАШ! Колку и да е убедлива, победата нема да биде комплетна доколку ДУИ...

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија. Џаровски соработуваше со најголемите југословенски естрадни...

Доктор Нико си тера мајтап: „Стефчо Јакимовски собра повеќе потписи од гласови“,

Вечерва, кога веќе се познати изборните резултати, кандидатот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски освои околу 5.500 гласови, доктор Нико Беќаровски објави хумористичен статус за него. „Стефчо...