13.9 C
Ohrid
петок, март 29, 2024
ПочетнаМакедонијаДел од лицата кои поставија албански знамиња во Охрид на информативен разговор...

Дел од лицата кои поставија албански знамиња во Охрид на информативен разговор во СВР Охрид

 Ова се дел од лицата кои го поставија големото знаме на Република Албанија на источната страна на Самуиловата тврдина во Охрид, во моментот кога пристигнаа на информативен разговор во СВР Охрид.

Албанското знаме поставено на Самуиловата тврдина во Охрид

Случајот денес го забележаа граѓаните кои живеат во тој дел на градот, а на фотографиите може да се забележат четири лица што го поставуваат знамето на тврдината. На социјалните мрежи се појави и фотографија на која се гледа како лице во албанска носија виори знаме на кулата на тврдината, а подоцна и во централното градско подрачје.

Со албански знамиња се шетаа луѓе низ охридската чаршија облечени во албански национални обележја

За случајот е информирана полицијата која испрати екипа на лице место за да ги утврди околностите кои довеле до настанот. Неофицијално, станува збор за играорна група од Косово, која утрово го поставила знамето на Република Албанија на Самуиловата тврдина во Охрид, во обид да направат сопствен играорен перформанс.

Image may contain: one or more people, car, tree and outdoor

Знамето е веднаш отстрането, а екипа на СВР Охрид приведе четири лица. Во моментов се чекаат понатамошни инструкции од Јавниот обвинител. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Вознемерувачки фотографии од тешката сообраќајна незгода во Кичево во која животот го загубија три лица.

Шило Магазин дојде до ексклузивни фотографии од тешката сообраќајна незгода во која има тројца загинати и неколкумина повредени лица. МВР соопшти дека утрово во 4.50...

Страшна сообраќајка кај Кичево – тројца млади загинаа, неколкумина тешко повредени

Тројца загинати и неколкумина повредени лица е последица на страшната сообраќајна несзгод ашто се случила рано утрово во Кичево, информир аполицијата. МВР соопшти дека утрово...

Излажан Тетовчанец за 11.000 евра: Албанец му ветил дека ќе му отвори фирма во Дубаи, па останал и без пари и без фирма..

57-годишен жител на тетовско село, вчера во 14 часот и 40 минути во СВР Тетово пријавил дека 58-годишниот М.М. од Република Албанија во текот...

Зајкова: Легализацијата на употребата на канабис ќе донесе ред и економски придобивки за државата

ЛДП е првата партија што во својата програма има ставено дека се залага не само за декриминализација на канабис, туку и за легализација на...