9.4 C
Ohrid
среда, април 24, 2024
ПочетнаЕстрадаПаднчо Днк: Знам што е сиромаштија имам чистено и пепељари за џепарлак...

Паднчо Днк: Знам што е сиромаштија имам чистено и пепељари за џепарлак !!

Оваа недела на детството и на тинејџерските години се потсетува Владимир Блажев – Панчо од дуото ДНК и како што и самиот открива како дете бил доста немирен и палав.

„Жалам што не можете да ја прашате мајка ми повеќе ама знам дека душата ѝ ја извадив. Од секогаш бев самостоен, со оглед на тоа дека живеев само со мајка ми, а таа мораше да работи. Еднаш паметам дека ме прати по цигари, имав околу 6-7 години и бидејќи малската трафика не работеше се качив во автобус на најблиската автобуска станица и кога возачот виде дека сум сам ме одведе во првата полициска станица. Таму со полицајците си гледав цртани филмови и нормало по 2-3 часа се појави мајка ми да ме земе.“, се потсетува Панчо.

Панчо се присети и на првата хонорарна работа која ја добил во петто одделение во тогаш познатиот кафе бар CITADELA, кој се наоѓал на 50 –тина метри од неговата зграда.

„Работа ми беше да собирам полни пепелници и да ги менувам со чисти, да варам турско кафе на решо бидејќи тогаш немаше машини за еспресо и макијато. “, откри пејачот.

Како што вели како тинејџер бил голем кавалер, па во екот на популарноста на Ребека, неа и нејзината сестра Хелена ги одвел на пица. Исто така тој откри и дека им бил омилен лик на постарите во неговото маало.

„Постарите во малло ме тераа да правам се` и сешто и јас нормално ги слушав! Крадев сладолед, правав „ѕвезди“ на бината во кино Култура додека траеше проекцијата на филмот, на луѓето им подметнував секакви работи во водите за пиење и соковите…“

,,Во трета година средно заминав за САД и по завршувањето на средното училиште комплетно се сменив и бескрајно сум и` благодарен на мојата мајка која најде сретства да ме испрати на школување. Со еден збор ме спаси.“, се потсети Панчо.

ХАШТАГ.МК

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Ковачевски: Очекував подобри резултати, но јасно е дека граѓаните не казнија

Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва порача дека јасно е оти граѓаните ги казниле. Се надевавме на подобри резултати, но јасно е дека луѓето не...

Пендаровски: Од утре се гледаме на терен, почнуваме од нула

Резултатите не се такви какви што ги очекувавме истакна вечерва на прес-конференција кандидатот за претседател поддржан од СДСМ, Стево Пендаровски. „Од утре продолжуваме со средби...

Засилено полициско обезбедување: ДУИ слави и во Скопје и во Мала Речица

Приврзаниците на ДУИ вечерва на плоштадот „Скендербег“ во Скопје слават по објавата на првичните резултати од првиот круг од претседателските избори, според кои нивниот...

Дурловски: Многу луѓе под седумгодишен политички прогон за првпат вечерва ќе можат да спијат помирно

Многу луѓе под седумгодишен политички прогон за првпат вечерва ќе можат да спијат помирно. Слава ти Господе!, порача вечерва Игор Дурловски, по објавата на...