8.9 C
Ohrid
среда, април 24, 2024
ПочетнаМакедонијаКолку заработивме, а колку не чинеше посетата на папата?

Колку заработивме, а колку не чинеше посетата на папата?

Ден по посетата на папата се сумираат впечатоците. Покрај емоциите, се пребројува колку пари не чинеше неговата посета и што како држава добивме за возврат од десет часовниот престој на поглаварот на католичката црква.

Трошоците за посетата ќе ги платат Владата и Католичката црква. На товар на папата е само авионскиот превоз, а од ТАВ велат дека аеродромските услуги си ги плаќа авиокомпанијата којашто го превезуваше поглаварот. Но, каде завршуваат државничките, а каде црковните обврски?

Полицијата ја ангажираше речиси целата расположлива сила. Обезбедување, хеликоптерите, специјалните единици, снајперисти, заварени шахти на плоштадот. На сметка на Владата беше и тешничката подготовка за литургија на плоштадот. Изнајмувањето на озвучување, целата бина, видео бимовите, столчињата за вип гостите. Но, колку чинеше, Владата пресметува.

„Бесценети се придобивките од посетата на Папата Франциск во споредба со трошоците за посетата кои пак во најголем дел се превземени во целост од страна на земјата домаќин, а така беше и во нашиот случај.“ – велат од Владата.

По изготвување на деталниот извештај за финансиската конструкција владата транспарентно ќе ја информира јавноста за износот на истата.

Од Католичката црква велат дека тие биле задолжени за црковните церемении. Колку пари потрошиле не откриваат. Велат дека духовните придобивки не се мерат со ништо материјално. Голем дел од работите ги сработиле волнотерите што ги ангажирале од нивното членство, но имале и донации од бизнисмени, од дома и од странство. Ручекот на папата во вилата на скопскиот бискуп на Водно бил скромен и не е на сметка на Владата. Од ресторанот каде се подготвувало јадењето велат дека на папата му подготвиле телешки мускул, пилешко со ориз и трилече.

Со конкретна бројка, ден по посетата излезе само ЈСП чии автобуси бесплатно возеа. Превозот беспари чинел 120 илјади евра.

„По направените пресметки, утврдено е дека во текот на вчерашниот ден бесплатниот превоз го чинел ЈСП Скопје речиси 7,5 милиони денари. Во пресметката е вкалкулиран и бесплатниот превоз кој го имаа и приватните превозници како дел од јавниот превоз.“ – велат од ЈСП.

Властите во Скопје немаат податок колку пари чинеше средувањето на градот и дали биле потрошени екстра пари за чистење, садење цвеќиња и уредување на јавните површини. Немаа ниту податок колку туристи во главниот град ни донесе поглаварот на Католичката црква. Слободните проценки, пак се дека во Скопје вчера имаше над 3 илјади туристи. Најбројни беа Хрватите, но имаше и од сите балкански земји и пошироко. Сите тие придонесоа за економијата, со ноќевање, такси превоз, ресторани.

Дополнително, земјата стана и вест во светот зашто за посетата на папата Франциск известуваат над 60 новинарски екипи. Бугарските медиуми уште пред да дојде папата известија дека нивната влада одвоила дополнителни половина милион евра за неговиот пречек.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Охриѓанецот Давид Крстески е нашиот херој од последното Европско Таеквон-до ИТФ првенство освојувајќи бронзен медал во борби

Македонската Традиционална Таеквон-до Федерација од 15-ти до 22-ри април 2024, учествуваше на Европското Таеквон-до ИТФ првенство кое се одржа во Копер, Словенија. На ова...

Полициските чувари од прилепскиот Затвор на протест- Се плашат за својата безбедност од високо-ризичните осуденици

- Полициските чувари од прилепскиот Затвор на протест, се плашат за својата безбедност од високо-ризичните осуденици кои ги чуваат – ...

73 годишен Тетовчанец, ја затворил снаата во соба и ја тепал.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.К.(73) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „телесна повреда“ при семејно насилство и...

Ученикот кој претепа наставничка, од „Димо Хаџи Димов“ ќе биде префрлен во „Владо Тасевски“

Институциите, општината и основното училиште по претседателските избори ќе бараат решение за ученикот кој вчера претепа наставник и нападна ученици, а потоа беше приведен од...