11.9 C
Ohrid
среда, април 24, 2024
ПочетнаМакедонијаКичево: Нападнат лекар на работното место во болницата

Кичево: Нападнат лекар на работното место во болницата

Две лица нападнале доктор на Интерното одделение во кичевската болница.

Напаѓачите потоа биле повикани во полициска станица и против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

-Вчера околу 13 часот, на Интерното одделение во Општата болница во Кичево, нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од Л.Љ.( 24) и А.Љ.(21), врз А.С.(35)-вработен доктор во болницата. Двајцата напаѓачи се повикани во полициската станица и против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, вели Стефан Димоски портпарол на СВР-Охрид.

Димовски информира и дека вчера околу 18 часот, на магистралниот пат Кичево-Гостивар кај месноста „Сатеска“, се случила сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил марка „Пасат“ со гостиварски регистарски ознаки управуван од А.Б.(22) од Австрија и автомобил марка „Рено“ управуван од Т.М.(45) од Скопје.

Возилата, по магистралниот пат се движеле во ист правец од Кичево кон Гостивар, при што автомобилот „Рено“ со својот преден дел удрил во задниот дел на автомобилот „Пасат“.

Во незгодата, Б.Ј.(55), сопатник во автомобилот „Рено“ се здобила со тешки телесни повреди. Таа е пренесена во Ургентен центар во Скопје.

ДенешенВесник

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Засилено полициско обезбедување: ДУИ слави и во Скопје и во Мала Речица

Приврзаниците на ДУИ вечерва на плоштадот „Скендербег“ во Скопје слават по објавата на првичните резултати од првиот круг од претседателските избори, според кои нивниот...

Дурловски: Многу луѓе под седумгодишен политички прогон за првпат вечерва ќе можат да спијат помирно

Многу луѓе под седумгодишен политички прогон за првпат вечерва ќе можат да спијат помирно. Слава ти Господе!, порача вечерва Игор Дурловски, по објавата на...

Неважечки ливчиња има тројно повеќе од гласови за Стевчо

Од вкупно обработени 50,86% избирачки места вкупно гласале 434.897 гласачи, од кои важечки се 421.722 избирачки ливчиња. Вкупниот број на неважечки ливчиња е 11.539...

Првичните официјални резултати во општина Дебрца: ВМРО ДПМНЕ 1100- СДСМ 377

На Претседателските избори во Македонија ВМРО ДПМНЕ води со огромна разлика. Шило Магазин ги доби и официјалните резултати од Општина Дебрца- ВМРО ДПМНЕ 1100- СДСМ...