8.8 C
Ohrid
четврток, април 25, 2024
ПочетнаМакедонијаМотивирачката приказна на Васил Јанкула – фраерот кој со трицикл тргна околу...

Мотивирачката приказна на Васил Јанкула – фраерот кој со трицикл тргна околу Македонија

spot_imgspot_img

26-годишниот ресенчанец Васил Јанкула, кој е роден со церебрална парализа, го започна своето мотивирачко патешествие и импресивен подвиг со трицикл да ја обиколи државата.

Со тоа, како што рече, сака да помогне во покревање на свеста кај лицата со посебни потреби да не седат дома, туку со упорност и работа можат да ги остварат своите цели.

„Сакам да упатам апел до сите лица со хендикеп да бидат силни и храбри и да не се откажуваат на пола пат. Она што ќе замислат и да го направат“, рече Јанкула.

Тој упати апел до учесниците во сообраќајот, да се информираат за трасата што ќе ја поминува и да внимаваат додека вози заедно со неговата експедиција.

Јанкула, кој е роден со церебрална парализа, вози автомобил, но се пожали дека неможе да добие лекарско уверение за да полага возачки испит.

Кога ќе стигне во Скопје, сака да оставри средба со премиерот и останати владини претставници, каде ќе може да ги изнесе проблемите со кои се соочува тој, но и останатите лица со попреченост.

Меѓу другите, храбриот ресенчанец го испрати и градоначалникот Живко Гошаревски, кој верува дека Јанкула ќе ја претстави општината во најдобро светло.

„Да се прифати ваков подвиг е голем чекор. Васил со себе носи јасна порака дека сите сме исти. Како локална самоуправа сакаме да им дадеме внимание на лицата со попреченост и да им укажеме дека и тие се еднакви како нас“, изјави Гошаревски.

Васил Јанкула тргна од центарот на Ресен. Предвидено е да помине околу 900 километри со трицикл, а неговото патешествие ќе се движи преку Битола, Прилеп, Градско, Велес, Скопје, Тетово, Гостивар, Маврово, Дебар, Струга, Охрид и преку Галичица ќе се врати во Ресен.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Ковачевски: Очекував подобри резултати, но јасно е дека граѓаните не казнија

Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва порача дека јасно е оти граѓаните ги казниле. Се надевавме на подобри резултати, но јасно е дека луѓето не...

Пендаровски: Од утре се гледаме на терен, почнуваме од нула

Резултатите не се такви какви што ги очекувавме истакна вечерва на прес-конференција кандидатот за претседател поддржан од СДСМ, Стево Пендаровски. „Од утре продолжуваме со средби...

Засилено полициско обезбедување: ДУИ слави и во Скопје и во Мала Речица

Приврзаниците на ДУИ вечерва на плоштадот „Скендербег“ во Скопје слават по објавата на првичните резултати од првиот круг од претседателските избори, според кои нивниот...

Дурловски: Многу луѓе под седумгодишен политички прогон за првпат вечерва ќе можат да спијат помирно

Многу луѓе под седумгодишен политички прогон за првпат вечерва ќе можат да спијат помирно. Слава ти Господе!, порача вечерва Игор Дурловски, по објавата на...