17.9 C
Ohrid
вторник, април 16, 2024
ПочетнаМакедонијаПендаровски: Ќе бидам претседател на сите граѓани, а прво ќе подадам рака...

Пендаровски: Ќе бидам претседател на сите граѓани, а прво ќе подадам рака кон опозицијата

Сакам јавно да кажам и да се обврзам дека ќе бидам претседател на сите граѓани, и на оние кои гласаа за мене, и на оние кои гласаа за моите противкандидати, како и на оние кои не излегоа на гласање. Првата работа што ќе ја направам е да подадам рака за соработка кон опозицијата, рече претседателот Стево Пендаровски во денешното обраќање по положувањето заклетва во Собранието.

„Ќе бидам претседател на сите граѓани. Време е да ги залечиме отворените рани од нашето скорешно минато и реално да го почнеме граѓанското помирување зашто немаме резервна татковина која можеме да ја наречеме наш дом. На тој пат сакам да се вложам без остаток. Речиси да не постои една држава којашто е толку мала, а која е поделена по толку основи. Повеќе нема да го дозволам тоа”, порача Пендаровски.

Тој најави дека како претседател ќе се ангажира во дипломатските напори за наше полноправно членство во НАТО , како и за почеток на преговорите со Европската Унија.

Пендаровски во обраќањето рече дека нашата држава има два приоритети и тоа економскиот раст на државата и бескомпромисната борба против организираниот криминал и корупцијата .

Во врска со реформите, Пендаровски рече дека по 30 години транзиција треба да се формираат институции, кои нема да зависат од промената на власта.

Прва работа што ќе ја направи, како што кажа, е да подаде рака кон опозицијата.

„Ќе понудам модели за поширок консензус. Ќе се ангажирам во дипломатските напори, особено во членството во НАТО и ЕУ. Мислам и на меѓуетничките односи и заедници. Нулта толеранција за корупцијата и непотизмот. Власта, опозицијата и бизнис-секторот мора да работат заедно. Одличните односи со сите пет соседи и регионалната соработка ќе бидат приоритет. Почитувани, имам јасна цел да дадам поддршка кон граѓанскиот сектор, слободна работа на медиумите. Промоциите во армијата и безбедносните структури ќе бидат само според закон. Крајно време е да изградиме професионални институции кои нема да зависат од тоа кој е на власт. Нека ни е вечна нашата татковина – Република Северна Македонија“, порача Пендаровски.

По неговото обраќање, во Собранието се одржува свечен коктел, а веднаш потоа следува примопредавањето на функцијата со досегашниот претседател Ѓорге Иванов во Вила Водно со сите  државни и воени почести.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

За една година затворени 14 училишта во Македонија

За една училишна година се затвориле четиринаесет основни училишта, покажуваат бројките кои ги објави Државниот завод за статистика. „Според податоците на Државниот завод за статистика,...

„ДИРЕКТОРОТ НА ТОКСИКОЛОГИЈА СИ ЈА ВРАБОТИЛ СНААТА“: Новинарот Фуркан Салиу со уште еден „упад“ во клиника, овој пат обвинува за непотизам на Токсикологија

Новинарот Фуркан Салиу во уште едно видео за ПорталХ, обвинува дека директорот на Клиниката за Токсикологија си ја вработил снаата. „Директорот заборавил дека ја вработил...

Пендаровски: За мене сите се еднакви во Македонија.

За мене сите се еднакви во Македонија вели претседателот Стево Пендароваки. Денеска во Ранковце си подадовме рака со активистите на ВМРО-ДПМНЕ и на противкандидатката...

Откриен мотивот за нападот во црква во Сиднеј

Австралиската полиција во вторникот соопшти дека нападот со нож врз епископот на асирската црква и некои следбеници во Сиднеј бил терористички акт мотивиран од...