6.9 C
Ohrid
петок, април 19, 2024
ПочетнаМакедонијаСветско, а наше: Прилепска Газоза во популарната крими серија Blacklist

Светско, а наше: Прилепска Газоза во популарната крими серија Blacklist

Прилепската Газоза по некоја случајност се појави во мегапопуларната телевизиска крими-серија Blacklist. Колку и да се чини неверојатно, во една од сцените во 14 епизода, од четвртата сезона, во позадината јасно се гледа пластичното шише на кое со кирилични букви пишува Газоза. Шишето не е отворено и во него се препознава жолтеникавата боја на овој популарен македонски безалкохолен пијалак.

Шишето е во домот на старица, која разговара со актерот Рајан Еголд, кој во серијата го глуми ликот на инспекторот Том Кин. Прилепската Газоза е во кадар неполна минута, доволно за македонските фанови на оваа серија да ги препознаат шишето и налепницата.

Не е позната причината поради која продуцентите на серијата се решиле во позадина да стават токму Газоза. Веројатно им се чинело дека е доволно егзотичен и мистериозен пијалак, па се сетиле да го употребат како реквизит во една од сцените на серијата во која фокусот е на разрешувања тајни заговори во американското подземје.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Маричиќ до тетка Верица: Како ќе растат внуците, така и пензиите ќе растат !!

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде што тој е дел...

Повторно го згрешивме знамето: Македонската армија и се заблагодари на Норвешка со знаме на Исланд

Македонската армија преку Фејсбук и се заблагодари на Норвешка, но го згреши знамето, па го искористи тоа на Исланд. „Моторните возила од Кралството Норвешка веќе...

Рибар во албанскиот дел на Охридското Езеро улови коран тежок 13,2 килограми

Рибарот Ylli Jaçellari во албанскиот дел на Охридското Езеро успеа да улови пастрмка – коран тежок 13,2 килограми. Тој е 45-годишен лиценциран риболовец од Уденишт,...

Боки 13 тврди дека Камчев и Русковска знаат каде е милионот од Луи Витон торбата од „Рекет“

Бојан Јовановски во јавноста познат како Боки 13 денес на прес-конференција пред Основниот кривичен суд Скопје рече дека бара фер, а не хистерична и...