10.9 C
Ohrid
четврток, март 28, 2024
ПочетнаМакедонијаУНЕСКО ЌЕ ГО ИЗБРИШЕ ГРАДОТ ОХРИД ОД НИВНАТА ЛИСТА...

УНЕСКО ЌЕ ГО ИЗБРИШЕ ГРАДОТ ОХРИД ОД НИВНАТА ЛИСТА…

Охрид е во опасност да биде избришан од листата на Унеско ради урбаната мафија и другите неправилности…

Ова го велат еколозите, според кои државата и градот немаат реализирано повеќе од половина од 19-те забелешки на Реактивната мисија на УНЕСКО, што ќе бидат разгледувани на специјална сесија на светската организација кон крајот на јуни во Баку.

Тие посочуваат дека и покрај тоа што во 2017 година експертите на УНЕСКО кои беа во посета на Охрид препорачаа целосен мораториум на сите градби и стопирање на легализацијата на дивоградбите, сепак урбанизацијата продолжува со несмален интензитет.

Наспроти тврдењата на екологистите, новоизбраниот градоначалник Константин Георгиески вели дека ќе биде ставен ред во сферата на урбанизмот.

Но фактите од теренот го демантираат градоначалникот Георгиески. Имено од крајот на 2017 година, до април годинава во Охрид се легализирани 250 дивоградби, усвоени се 40 нови урбанистички планови и издадени се само 3 решенија за уривање дивоградби.

Локалната самоуправа на овој начин директно ги крши препораките од УНЕСКО за суспензија на градежните зафати, тврдат екологистите.

Алипашината Џамија, хотелот во Лагадин, петтокатница на Булеварот ,,Туристичка”, платформи издигнати над езерото, висококатници кои се издигнуваат веднаш над тротоарите, се само дел од градбите кои изминатиот период добија најголеми реакции меѓу граѓаните и пред јавноста, а кои, според експертите, придонесуваат Охрид да биде ставен во опасност.

Екологистите напоменуваат дека иако од владата пред извесно време се пофалија дека тргната е опасноста од губење на статусот, сепак сеуште не е донесен Законот за мораториум кој требало да се донесе во февруари лани, а се уште не поминал ниту  на владина седница.

Инаку Охрид, е едно од само триесеттината места на планетата кои се под двојна заштита како светско природно и културно наследство. Дали ќе остане така останува да го почекаме состанокот на УНЕСКО во Баку, на кој ќе се разгледуваат забелешките на Реактивната комисија за Охрид.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Сашо Донев, Лидија Петкоска и Грација Бакраческа кандидати за пратеници од Охрид

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за наредните парламентарни избори. На листата во петтата изборна единица има...

Села оди во коалиција со Ахмети, очекува најмалку пет пратенички мандати

Алијанса на Зијадин Села оди во коалиција со Али Ахмети. Со само еден делегат против било одлучено АА да стапи во коалиција со ДУИ...

Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош

Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени...

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...