5 C
Ohrid
сабота, април 20, 2024
ПочетнаМакедонијаДодека ја тупите со Евровизија -Македонија го доби својот нов супер херој,...

Додека ја тупите со Евровизија -Македонија го доби својот нов супер херој, Васил Јанкула пристигна во Ресен поминувајќи над 900 км.

Васил Јанкула попладнево околу 18.00 часот пристигна во својот град Ресен и го заврши својот огромен подвиг поминувајќи над 900 км. со својот трицикл околу цела Западна Македонија за само 7 дена. Тој ги помина градовите, Ресен, Битола, Прилеп, Велес, Скопје, Тетово, Гостивар, Дебар, Струга, Охрид и преку Галичица денеска се врати дома. Со него за целото време беа неговиот тренер Тони Ангеловски, кој исто така возеше велосипед, како и неговиот брат Иле Јанкуловски и другарот Никола Кузманоски кои ги пратеа со возило.

 

Во Ресен беше дочекан од голем број свои сограѓани и од градоначалникот кои му организираа свечен пречек.

 

„Преспанскиот херој“, кој е лице со церебрална парализа, докажа дека навистина „Сите сме исти“ и дека лицата со хендикеп често пати можат да направат многу поголеми дела и од другите лица во општеството.

 

Екипата на Инфо Компас, која објавуваше информации за Васил од почетокот на неговиот подвиг, му го честита овој огромен успех !!!

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Маричиќ до тетка Верица: Како ќе растат внуците, така и пензиите ќе растат !!

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде што тој е дел...

Повторно го згрешивме знамето: Македонската армија и се заблагодари на Норвешка со знаме на Исланд

Македонската армија преку Фејсбук и се заблагодари на Норвешка, но го згреши знамето, па го искористи тоа на Исланд. „Моторните возила од Кралството Норвешка веќе...

Рибар во албанскиот дел на Охридското Езеро улови коран тежок 13,2 килограми

Рибарот Ylli Jaçellari во албанскиот дел на Охридското Езеро успеа да улови пастрмка – коран тежок 13,2 килограми. Тој е 45-годишен лиценциран риболовец од Уденишт,...

Боки 13 тврди дека Камчев и Русковска знаат каде е милионот од Луи Витон торбата од „Рекет“

Бојан Јовановски во јавноста познат како Боки 13 денес на прес-конференција пред Основниот кривичен суд Скопје рече дека бара фер, а не хистерична и...