-1.1 C
Ohrid
петок, декември 8, 2023
ПочетнаМакедонијаОхрид7 медали (2 златни, 1 сребрен и 4 бронзени) за Таеквондо клубот...

7 медали (2 златни, 1 сребрен и 4 бронзени) за Таеквондо клубот ”ХВА РАНГ ИТФ” Лескоец-Охрид

Таеквон-до клубот ”ХВА РАНГ ИТФ” Лескоец-Охрид , овај викенд на 19 .05 2019 учествуваше на Меѓународен Таеквон-до ИТФ А класа турнир “17 Љубљана Опен” , во Словенија кој е традиционално еден од најјаките турнири во регионов за пролетната натпреварувачка сезона, каде учество зедоја 24 клубови од 9 земји и тоа, Словенија, Хрватска, БиХ,Македонија,Словачка ,Србија, Австрија,Италија и Чешка.
Нашиот клуб на овај натпревар учествуваше со шест натпреварувачи кои натпреваруваа во две дисциплини форми (тул) и борби(спаринг) , при што освоија 7 медали, од кои 2 златни, 1 сребрен и 4 бронзени.
Освојувачи на медали се:
Стефан Каланоски
1 место –злато борби јуниори 16-17 год -63 кг.
1 место –злато форми јуниори плав појас
Давид Велковски
2 место –сребро борби јуниори 16-17 год -69 кг.
Хриситјан Митрески
3 место –бронза борби јуниори 16-17 год +75 кг.
Марио Кртески
3 место –бронза борби кадети 12-13 год -50 кг.
Елена Јанеска
3 место –бронза борби кадетки 12-13 год +55 кг.
3 место –бронза форми кадетки зелен појас
Најдобар наш поединец на овај турнир беше Стефан Каланоски, додека Божидар Димитриевиќ не успеа да дојде до медал , но ова беше само како добро загревање за главниот турнир за оваа пролетна сезона “ГРАН ПРИЗВОРНИК 2019” кој ќе се одржи наредниот викенд на 25.05 2019 во БиХ, каде ќе учествуваме со повеќе натпреварувачи . Од клубот изразуваат најголема благодарност до нивниот генерален спонзор “ПН МЕТАЛ”, кој е најзаслужен за нивното учество на овие турнири, и за сите нивни успеси.

spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

И шоферот на Палчо доби гратис шишање за во Шутка !!!

Судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје го прифати предлогот на Обвинителството, и му одреди 30-дневен притвор на возачот кој го возел...

Првото селфи на Боки 13 откако е на слобода- Мора да признаеме како за болен човек, добро изгледа !!!

Бојан Јовановски, познат како Боки 13 објави фотографија на својот Фејсбук, прво селфи на слобода. „Првото селфи на слобода после повеќе од 4 години. Господ...

Возачот на Палчо не чувствува вина: Јас го возев на болница

Стефан Димковски, кој го превезуваше Љупчо Палевски-Палчо и заврши во притвор, не чувствува вина во случајот со убивањето на Вања Ѓорчевска, одговори тој на...

Мајката на Вања: Не можам да разберам, се ми е нереално – Со сопругот бевме 5 години разделени, но бевме во добри односи.

Зорица Ѓорчевска, мајката на Вања Ѓорчевска (14) која беше убиена кај скопското село Бразда за српска „Република“ изјавува дека важно и е само да...