8.9 C
Ohrid
четврток, април 18, 2024
ПочетнаМакедонијаАдреналинскиот парк во Карпош се очекува да биде готов до крајот на...

Адреналинскиот парк во Карпош се очекува да биде готов до крајот на годината

Изградбата на адреналинскиот парк кој ќе се протега на вкупна површина од 6.500 м2, се очекуваше да започне во мај годинава, но се уште се прават подготовки.

– Верувам дека во текот на летото ќе почне да се поставува паркот имајќи предвид дека и самиот проект е ограничен со рокови, односно треба до одреден период да биде целосно завршен и да се пушти во употреба. Имајќи предвид дека не се работи за некоја градба, тоа е поставување урбана опрема, реквизити, детски игралишта, нови скверови, многу повеќе зеленило, практично целиот простор кај вештачката карпа којшто сега е на некој начин депонија се оплеменува, така што имајќи предвид какви зафати ќе има, мислам дека ќе оди брзо и дека многу скоро граѓаните на Карпош и граѓаните на Скопје и на државата, ќе имаат едно уникатно катче какво што досега немало во државата, кое ќе го користат за дружење, рекреација и дополнително зеленило што ќе придонесе во борбата за чист воздух и здрава животна средина, изјави градоначалникот Богоев во интервју за Слободен печат.

Ќе биде реконструирано детското игралиште на површина од 480 м2,  скејт-паркот на 1.100 м2, ќе биде изградено ново игралиште за одбојка и фудбал на песок, а атрактивниот адреналински парк за возрасни и деца ќе биде изграден на три нивоа, кој ќе се позиционира на површина од 1.600 м2.

Богоев очекува адреналинскиот парк да биде готов до крајот на годината, а подготовките да започнат летово.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Да беше жив, денес ќе славеше 73 години !!

Ќе наполнеше 73 години Роден на 19 Април 1951та во Скопје! Беше еден од најкреативните, најталентираните и најшармантните актери во Македонија! Беше еден од ретките,...

Доживотен затвор за кочанскиот монструм кој уби жена со 41 убод од нож

По поднесено обвинение од Основното јавно обвинителство Кочани, а по признание на вина, Основниот суд во Кочани донесе осудителна пресуда за едно лице за...

Ахмети на импровизирана седница го избра Села за претседател на Собранието, ги усвои и измените на Уставот!

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети го прогласи лидерот на Алијанса за Албанците, дел од Европскиот фронт, Зијадин Села за претседател на Собранието на Македонија,...

ВМРО-ДПМНЕ традиционално ја стартува кампањата од Охрид, вечерва митинг на Градскиот плоштад

ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Твоја Македонија“, со голем народен митинг, вечерва традиционално ќе ја започнат кампањата за парламентарните избори од Охрид. На настанот, кој со почеток...