15.9 C
Ohrid
среда, април 24, 2024
ПочетнаАвстралијаМакедониците низ светотВо Мала Преспа одбележан Денот на Македонските сесловенските просветители Св. Кирил и...

Во Мала Преспа одбележан Денот на Македонските сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј

Денот на сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј, 24 Мај беше одбележан во општина Пустец. Одбележувањето беше со традиционален собир, кој овој пат се одржа во селото Глобочани,родното место на Стерјо Спасе,кој се вбројува меѓу најзначајните претставници на современата албанска литература, кој е еден од најуспешните писатели од македонско потекло. На собирот присуствуваа професори и ученици од училиштето од Пустец и од училиштето од Долна Горица.

Заедно со нив беше и градоначалникот на општина Пустец, Едмонд Темелко, кој зборуваше за потребата од негувањето на македонскиот литературен јазик. Дел од професорите зборуваа за животот и делото на сесловенските просветители по што на учениците им беа подарени книги од оставнината на Ѓорѓи Стојчевски, информираа од општина Пустец. Темелко упати благодарност до фамилијата Стојчевски, вети продолжуваме на напорите за збогатување на библиотечниот фонд во училиштата каде се изучува македонски јазик во  Албанија, сосочувајќи дека „децата, нашата иднина го заслужуваат тоа“. Во сите училишта во општина Пустец одржани се часови посветени на животот и делото на светите браќа Кирил и Методиј.

Извор Илинден Тирана

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Уапсен Охриѓанец- Го фотографирал гласачкото ливче

Полицијата во Охрид го приведе А.И.(48), затоа што го фотографирал гласачкото ливче на избирачкото место 1271 во Охрид. По целосно документирање на настанот, против него...

Пецаков: Денес му оддаваме достојна почит на охридскиот револуционер Христо Узунов, кој со својата голема храброст остави неизбришлив печат во македонската историја

Денес му оддаваме достојна почит на охридскиот револуционер Христо Узунов, кој со својата голема храброст остави неизбришлив печат во македонската историја и беше еден...

На гласачко место во Скопје пронајдена испукана димна бомба !!!

Министерството за внатрешни работи досега нема регистрирано посериозни нарушувања на јавниот ред и мир во текот на гласањето, кое, генерално, се одвива мирно, без...

Тошковски: Безбедносната состојба стабилна, нема никакви нарушувања во изборниот процес

Безбедносната состојба е стабилна. Нема никакви нарушувања во изборниот процес. Немаме забележано никакви посериозни нарушувања во изборниот процес, изјави денеска техничкиот министер за внатрешни...