9.9 C
Ohrid
вторник, април 23, 2024
ПочетнаСветНеверојатна љубовна приказна! 30 години помладата стјуардеса му го спасила животот на...

Неверојатна љубовна приказна! 30 години помладата стјуардеса му го спасила животот на Лауда: Биле осум месеци во врска кога одлучила да му го донира бубрегот за да преживее

Трикратниот шампион на Формула 1, легендарниот Ники Лауда, починал во вторникот на 71 година.

Последните моменти од својот живот Лауда ги минал покрај својата сопруга Брижит Ветцингер.

Иако никогаш не сакал во јавност да изнесува детали од својот приватен живот, Ники Лауда во една прилика им открил на новинарите дека во 2005-та година Брижит му го спасила животот.

Лауда тогаш бил во врска со 30 години помладата стјуардеса, која работела во неговата авио-компанија. Таа тогаш имала само 26 години. Иако кратко биле во врска, одлучила да му го донира својот бубрег.

Имено, претходното пресадување на органи не успеало. Во 1997-ма година братот Флориан му го донирал бубрегот, но организмот го исфрлил. Лауда открил дека синот Лукас ги правел тестовите, но се воспоставиле дека не може да биде донор и тогаш помош понудила неговата девојка Брижит.

“Брижит кажа дека ќе се тестира, јас ја прашав зошто, а таа ми одговори дека така сака. И кажав дека сме кратко во врска и дека не сакам толку да жртвува за мене. Меѓутоа, таа ги направи тестовите, а нејзиниот бубрег беше идеален за трансплантација”, открил Лауда во една прилика.

Брижит не била исплашена, едноставно тоа го направила…

“Го правам тоа за тебе, затоа што те сакам”, му велела убавата стјуардеса.

По неколкумесечни подоготовки, Лауда се молел трансплантацијата да успее, бил исплашен поради Брижит, па му олеснило што се минало како што треба.

Во 2008-ма година Лауда и Брижит се венчале на тајна церемонија во Виена. на венчавката присуствувале само најблиски пријатели и членови на семејството. Во среќниот брак овој пар добил две деца, близнаците Миа и Макс.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

73 годишен Тетовчанец, ја затворил снаата во соба и ја тепал.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.К.(73) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „телесна повреда“ при семејно насилство и...

Ученикот кој претепа наставничка, од „Димо Хаџи Димов“ ќе биде префрлен во „Владо Тасевски“

Институциите, општината и основното училиште по претседателските избори ќе бараат решение за ученикот кој вчера претепа наставник и нападна ученици, а потоа беше приведен од...

19-годишник и малолетник завршиjа во полиција – Го прекршиле изборниот молк !!

Две лица од тетовско со лепење плакати за кандидат за претседател го прекршиле изборниот молк. Министерството за внатрешни работи информираше дека утрово во 01.05...

Боки вечерва повторно ќе УДРИ?! -Најавува вклучување во живо !!!

Боки 13 во поткастот „Лазаров“ зборуваше и за основањето на Меѓународен сојуз, но и за „1ТВ“. Зборуваше за функционерите, пришто кои ги обвини, за...