14.9 C
Ohrid
четврток, март 28, 2024
ПочетнаМакедонијаОхридскиот градоначалник добил подарок-парцела вредна пола милион евра..

Охридскиот градоначалник добил подарок-парцела вредна пола милион евра..

Од документи кои беа објавени на социјалните мрежи јавноста дозна дека актуелниот градоначалник на Охрид од редовите на СДСМ, Константин Георгиески, во 2013 година (за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ) добил парцела на охридското крајбрежје во износ од 471,500 евра. Во имотниот лист Георгиески добиената парцела ја прикажува како личен имот стекнат со подарок. Другата половина од парцелата е во сопственост на Жарко Луковски, поранешниот директор на Телеком и близок пријател на Сашо Мијалков, со кој беше сопственички поврзан во голем дел од неговите компании.

Жарко Луковски исто така беше предмет на бомбите на СЈО. Во случајот кој минатата година го објави СЈО, осомничениот Жарко Луковски како главен извршен директор на Т-мобиле Македонија ја злоупотребил својата положба и на градежната компанија Бетон ѝ овозможил да стекне имотна корист од 3,5 милиони евра, со што им нанел штета на акционерите и на државата.

Иако после предупредувањето на УНЕСКО дека Охридското езеро ќе биде ставено на листата на загрозени културни наследства, градоначалникот Георгиевски потенцира дека ќе се елиминираат сите дивоградби, останува прашањето отворено дали и оваа парцела ќе биде трансформирана во градежно земјиште, пракса која се толерира од сите досегашни власти. Меѓу другото, локалните власти од Охрид сѐ уште немаат покренето никаква постапка за рушење на многуте дивоградби долж охридското крајбрежје, за што говори и случајот со советникот од ДУИ Нефи Усеини, кој веќе два месеци непречено гради во заштитена зона, и покрај издаденото решение за рушење на дивоградбата.

извор: Antropol

Градоначалникот на Охрид добил подарок-парцела пред пет години во износ од пола милион евра

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Села оди во коалиција со Ахмети, очекува најмалку пет пратенички мандати

Алијанса на Зијадин Села оди во коалиција со Али Ахмети. Со само еден делегат против било одлучено АА да стапи во коалиција со ДУИ...

Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош

Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени...

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...

Дуел Ковачевски-Мицкоски на трети април!

Во Среда на 3 април, ден пред стартот на предизборната кампања за претседателските и парлемнатрните избори, Канал 5 телевизија ќе има чест да ви...