9.9 C
Ohrid
четврток, март 28, 2024
ПочетнаМакедонијаУкраден механизмот на фонтаните на плоштадот во Скопје

Украден механизмот на фонтаните на плоштадот во Скопје

Посететата на Папата Франциск која се случи на 7ми месецов, го привлече светското медиумско внимание. Но, на општо изненадување, фонтаните на плоштадот “Македонија” не беа вклучени за време на посетата на Папата, па ниту тој, ниту светската јавност не можеа да ја видат оваа величествена глетка.

Во исто време, зимата е одамна позади нас, но и покрај тоа не се вклучени сите фонтани на плоштадот во центарот на Скопје.

Како што дознава “Економски Лидер” од извори во Град Скопје, на 5 дена пред посетата на Папата, организаторите сакале да ги вклучат фонтаните, но, на нивно изненадување кога отишле на лице место, вработените во Водовод констатирале дека поголем дел од пумпите, светилките и механизацијата под фонтаната на “Александар Велики” се украдени.

-Ова не може да биде украдено од било кој. Местото беше покриено со церада, а за пристап во делот на механизацијата на фонтаната треба некој да биде навистина стручен. Не се работи за обични крадци, туку некој кој ја познава техниката .- вели нашиот извор.

Освен тоа што крадците треба да бидат стручни, симптоматично е и тоа што се работи за буквално најфрекфентната локација во градот, која е под 24 часовен видео надзор. Истото се случило и со голем дел од околните фонтани, како онаа на другата страна на реката Вардар.

Откако го увиделе срамот кој им се случил, градоначалникот на Скопје Петре Шилегов и директорот на ЈП Водовод (претпријатие надлежно за фонтаните) Душко Весовски, одлучиле фонтаните да не се вклучуваат за време на посетата на Папата, случајот да се крие од јавноста, а да се рапише тендер за одржување на фонтаните со кој практично ќе се плати за нова механизација за истите.

Така, како што дознава “Лидер” од извори во Ј.П. Водовод, кој во изминатите години без тендер ги одржуваа фонтаните, сега ќе се распишува тендер за одржување кој ќе има огромна вредност од околу 200.000 евра.

-Знаејќи како функционираат, нема да ме изненади да го вратат украдениот механизам и за него да наплатат пари. – вели изворот на Лидер.

Официјалното тврдење на директорот на водовод, Душко Вестовски, кое минатата недела го соопшти Телевизија Сител е дека фонтаните не се пуштиле затоа што се најавувало невреме. Но, и тој најавува дека приватна компанија ќе ги одржува истите, иако, потсетуваме, одржувањето на фонтани веќе подолго време е надлежност на Ј.П. Водовод.

И на бројните туристи, сеуште не им е јасно зошто не се вклучени фонтаните.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Автопатот Кичево – Охрид како легендата за Радин мост – Дење го градат, ноќе паѓа

Автопатот Кичево – Охрид станува историски, како Радин Мост во Кратово. Според легендата, го ѕидале девет браќа. Дење го граделе, ноќе паѓал. За да го...

Стојанче вели дека треба да остане директор, оти Мечките се буделе од зимскиот сон, а исто така иде сезона од пожари !!

Претседателот на Достоинство, Стојанче Ангелов смета дека треба да остане на директоркската функција бидејќи државата се наоѓа во специфична ситуација. -Талат Џафери е технички премиер....

Кривична против маж од кочанско, им се заканувал на полицајци преку Фејсбук

Надворешна канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против Д.Р.(37) од село Облешево, кочанско, поради постоење основи на сомнение за сторени три кривични...

Да не се чудиме зошто се однесуваат ЕУ и светот вака кон нас

❗️Важно е да не одите надвор без да постигнете консензус дома, оти во стартот сте послаби! Да не се чудиме зошто се однесуваат ЕУ...