10 C
Ohrid
петок, март 29, 2024
ПочетнаМакедонијаНишто од Северна Македонија: Ципрас поднесе оставка, Грција оди на предвремени избори!

Ништо од Северна Македонија: Ципрас поднесе оставка, Грција оди на предвремени избори!

По убедливиот пораз на денешните европски избори, грчкиот премиер Алексис Ципрас поднесе оставка и објави предвремени избори наредниот месец.

Ваквата одлука на Ципрас, доаѓа откако лидерот на Неа-Демокрација, Мицотакис побара оставка од премиерот и предвремени избори.

Според досега преброените гласови, Нова демократија има 32,08 проценти, СИРИЗА 24 проценти, Движење на промена 7,8 проценти, Комунистичка партија на Грција 5,5 проценти, Златна зора 4,9 проценти, Грчко решение (Велопулос) 4,01 процент, Мера25 (Варуфакис) 2,9 проценти, додека останати партии освоиле 17,86 проценти.

Според овие резултати, седум партии добиваат свои претставници во Европскиот Парламент.

Излезноста на евроизборите според досегашните податоци било 56,50 отсто.

-Грција има потреба од нова влада, со свежа доверба од грчкиот народ што ќе ја гарантира стабилноста, но и нејзината перспектива во оваа критична околност. Премиерот мора да ја преземе неговата одговорност, за доброто на земјата треба да си даде оставка, а земјата да оди на национални избори колку е можно побргу. Ова на крај е единственото чисто решение. Грција не може да чека повеќе не може континуирано да отстапува, рече лидерот на опозициската Нова демократија, Кирјакос Мицотакис, кусо откако беа соопштени првичните резултати од европските и локалните избори, според кои неговата партија има сигурна предност во однос на СИРИЗА.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Сашо Донев, Лидија Петкоска и Грација Бакраческа кандидати за пратеници од Охрид

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за наредните парламентарни избори. На листата во петтата изборна единица има...

Села оди во коалиција со Ахмети, очекува најмалку пет пратенички мандати

Алијанса на Зијадин Села оди во коалиција со Али Ахмети. Со само еден делегат против било одлучено АА да стапи во коалиција со ДУИ...

Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош

Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени...

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...