16.9 C
Ohrid
петок, март 29, 2024
ПочетнаМакедонијаОхридЧетири дена пред празникот Рамазан Бајрам ја завршија Али Пашината џамија во...

Четири дена пред празникот Рамазан Бајрам ја завршија Али Пашината џамија во Охрид

Поставена куполата на минарето од Али Пашината џамија во Охрид, која неофицијално, ќе биде свечено отворена на празникот Рамазан Бајрам.

И покрај бројните реакции на јавноста поради изградбата на минарето, која се вршеше без соодветна документација, односно одобрение за градба, и најавите на надлежните дека проблемот ќе биде решен, минарето е завршено. Од првичните најави, единствено отстапува висината на минарето, кое наместо 32 метри, е неколку метри пониско.

Од здружението на граѓани „Совест“ кое беше најгласно во барањата да се почитува законот и да се преземат мерки за стопирање на, како што потенцираа, нелегалната градба, велат дека се чувствуваат изиграно и разочарано.

Еве и ние од „Совест“, додека си чекаме да не (не) покани за да се реши проблемот, додека неповратно го губиме статусот на Заштита од Унеско, јавно го покануваме премиерот да дојде со бомбониера на легализирање и отворање на дивоградбата Алипашина џамија со минаре најголемо и доминантно во цел Охрид. Да му порачаме да нема гајле, Охрид си стана Исламабад на балканот и стана најголема атракција и приказ како со дијалог, а не со почитување на закон за сите се решаваат проблемите на граѓаните и религиите. Сега заради повеќегодишната толеранција на безаконието од сите влади, ќе има мораториум на донесување планови на цело подрачје на град Охрид каде наместо тој мораториум да важи за централно градско подрачје и крајбрежието кое е во таа заштитена зона, истиот ќе важи за “будали” луѓе кои веќе почитувале закони и си чекале дозволи за градба, а во меѓувреме куќите им станале трошни и подложни на рушење па сега нека пропаднат сосе куќите, нека ги снема најдобро, зошто верувале во закони и правда..РАЗОЧАРАНИ ИЗМАМЕНИ ПРЕВЕСЛАНИ ве поздравуваат Охриѓани!, порачуваат од „Совест“.
Од здружението во повеќе наврати бараа и согласно законот да се истражи археолошкиот локален простор на оваа локација, за кој има и докази дека се уништува бесценето благо.

OhridNews

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Пукање пред кафеана во Охрид, приведени две лица!

На 29.03.2024 во 00.15 часот пред угостителски објект во охридската населба Чекоштина, полициски службеници од СВР Охрид ги приведоа К.Б.(67) и М.П.(37), двајцата од...

Вознемерувачки фотографии од тешката сообраќајна незгода во Кичево во која животот го загубија три лица.

Шило Магазин дојде до ексклузивни фотографии од тешката сообраќајна незгода во која има тројца загинати и неколкумина повредени лица. МВР соопшти дека утрово во 4.50...

Страшна сообраќајка кај Кичево – тројца млади загинаа, неколкумина тешко повредени

Тројца загинати и неколкумина повредени лица е последица на страшната сообраќајна несзгод ашто се случила рано утрово во Кичево, информир аполицијата. МВР соопшти дека утрово...

Излажан Тетовчанец за 11.000 евра: Албанец му ветил дека ќе му отвори фирма во Дубаи, па останал и без пари и без фирма..

57-годишен жител на тетовско село, вчера во 14 часот и 40 минути во СВР Тетово пријавил дека 58-годишниот М.М. од Република Албанија во текот...