14.9 C
Ohrid
среда, април 24, 2024
ПочетнаМакедонијаПино ќе биде погребан во Италија

Пино ќе биде погребан во Италија

Пинета Секондо – Пино, дваесет и шестгодишното момче кое беше свирепо убиено, ќе биде погребано во Италија. Неговата мајка која со месеци водеше битка со институциите, го бараше и организираше и протест, се враќа за неколку дена во Италија.

Во изјава за „Фокус“ таа раскажа дека се уште не се знае точниот датум на погребот, и како целото семејство е во многу лоша состојба по последните вести.

– Што можеме да кажеме сега? Јас, помалиот син, сопругот, сите сме за никаде… Во понеделник доаѓам во Скопје, не знаеме уште кога ќе биде погребано нашето дете. Во Скопје ќе се одржи служба во Католичката црква, но Пино ќе биде погребан во Италија, вели таа за Фокус.

Таа поставува и прашање до девојката која е осомничена.

– Девојката за која зборував уште од самиот почеток, од Ѓорче Петров, таа која последна го видела Пино, за која се сомневав целото време, таа е осомничена со уште едно лице. Ја ставија и на полиграф, но и полиграфот го измамила. Би ја прашала само, што монструм е? Од мајка ли е родена или од ѓавол?, вели таа за Фокус.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

На 20% пребројани гласови – Гордана 44,71%, Стево 19,09%

На 20% на ниво на Македонија, пребројаните гласови се вака: Гордана Сиљановска Давкова 64.929 44.71% Стево Пендаровски 27.728 19.09% Бујар ОСмани 18.896 13% Арбен Таравари 12.916 8.5% Максим...

На 5% обработени на ниво на Македонија: ВМРО ДПМНЕ води со двојна разлика !!!

На 5% обработени на ниво на Македонија: Гордана 7.782 Бујар 3.428 Стево 3.402 Арбен 1.906 Максим 1.384 Билјана 916 Стевчо 131

Дијаспората гласаше: Силјановска-Давкова со двојно повеќе гласови од Пендаровски

Според податоците од Дипломатско конзуларните претставништва, без САД и Канада, кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова на седмите Претседателски избори има освоено 359 гласови од...

Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт!

Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт! Јас никогаш не агитирам за себе, граѓаните знаат за кого да гласаат, знаат да си го...