9.9 C
Ohrid
вторник, април 23, 2024
ПочетнаМакедонијаДибиров: Ако после оваа титула никој не ни помогне, да си одиме...

Дибиров: Ако после оваа титула никој не ни помогне, да си одиме сите во пензија!

Македонски Вардар вторпат во својата историја стана европски првак. Во финалето падна Веспрем, а по натпреварот, Тимур Дибиров не ја криеше среќата и задоволството од постигнатиот успех, ако се земе предвид како изгледаше сезоната на „црвено-црните“.

Беспарица и неизвесност беа над името Вардар, многумина се сомневаа во ракометарите, но тие успеаја да го направат она што за многумина изгледаше невозможно. Се пласираа на Ф4 во Келн, ја победија Барселона, а потоа и Веспрем.

„Имавме пократок ростер, но ние летавме на терен затоа што Вардар за нас е живот. Имавме одличен натпревар, дојдовме на врвот. Ако после оваа титула никој не ни помогне да ја средиме ситуацијата, тогаш сите да ги соблечеме патиките и да ги завршиме кариерите. Ако некој остане рамнодушен по ова, тогаш не знам што да кажам. Оваа титула е поголема од првата, затоа што знаеме низ што се минавме. Среќни сме што си го остваривме сонот“, изјави Дибиров.

За Вардар ова беше втора европска титула по онаа во 2017 година, кога во супер-драматичен Ф4-турнир, како дебитант, ги победи Барселона, а потоа и ПСЖ.

Херои, златни момци, ракометарите на Вардар се европски шампиони втор пат во три години, во финалето го победија Веспрем со 27:24 и повторно седнаа на највисокиот континентален престол.
Ракометарите на Вардар се нови европски шампиони, откако во финалето на завршниот турнир во Лигата на шампионите, во Келн славеа над унгарскиот Веспрем со 27:24.
Ова е втора европска титула за Вардар, претходно се искачија на покривот на Европа во 2017 година, откако во финалето на Ф4 турнирот во Келн славеа над ПСЖ.
Ракометарите на Роберто Парондо се посилни од сите проблеми, тие се вистински херои. Во финалето го надиграа Веспрем, водеа во текот на целиот меч и сосема заслужено се радуваат на нов голем, огромен успех.

По синоќешната неверојатна победа против Барселона, денеска на колена пред Вардар падна и Веспрем, овој пат на еден друг начин. Црвено-црните ракометари доминираа во првото полувреме, имаат пад во второто но се кренаа кога беше најпотребно и победија.
Натпреварот само во првите минути беше изедначен кога се играше гол за гол, потоа Вардар се одлепи, дојде и до предност од шест голови разлика, а на полувремето замина со водство од 16:11.

Во второто полувреме Давид Дејвис на голот го стави Штербик и тоа веднаш се почувствува. Веспрем тргна фуриозно, Вардар за десет минути даде само еден гол. Унгарскиот тим намали на еден гол разлика. Беше неизвесно, мачно полувреме, но кога најмногу требаше вардаровите ракометари го вратија фокусот и го приведоа натпреварот во победнички финиш. На крајот славеа со 27:24

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

73 годишен Тетовчанец, ја затворил снаата во соба и ја тепал.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.К.(73) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „телесна повреда“ при семејно насилство и...

Ученикот кој претепа наставничка, од „Димо Хаџи Димов“ ќе биде префрлен во „Владо Тасевски“

Институциите, општината и основното училиште по претседателските избори ќе бараат решение за ученикот кој вчера претепа наставник и нападна ученици, а потоа беше приведен од...

19-годишник и малолетник завршиjа во полиција – Го прекршиле изборниот молк !!

Две лица од тетовско со лепење плакати за кандидат за претседател го прекршиле изборниот молк. Министерството за внатрешни работи информираше дека утрово во 01.05...

Боки вечерва повторно ќе УДРИ?! -Најавува вклучување во живо !!!

Боки 13 во поткастот „Лазаров“ зборуваше и за основањето на Меѓународен сојуз, но и за „1ТВ“. Зборуваше за функционерите, пришто кои ги обвини, за...