5 C
Ohrid
сабота, април 20, 2024
ПочетнаМакедонијаДоколку сакате да возите по автопатот Штип-Миладиновци, ќе треба да подигнете кредит...

Доколку сакате да возите по автопатот Штип-Миладиновци, ќе треба да подигнете кредит од банка..

Откако десетина пати беше одложено пуштањето во употреба на автопатот, утринава не одговарија зошто немаше официјално сечење на лента. Автопатот чини 200 милиони евра, а се гради речиси пет години, од 2014-та.

„Автопатот е пуштен со исполнување на условите за тоа. Најважно е граѓаните да возат безбедно по новиот и модерен автопат. Се замолуваат учесниците во сообраќајот да ја почитуваат сообраќајната сигнализација, заради нивна безбедност“, рече Зоран Китанов, директор на Агенција за патишта.

Според пресметките од наредната година граѓаните кои патуваат од Скопје до Штип и назад ќе треба да платат 320 денари само за патарини.

На првата постоечка патарина износот е 40 денари во еден правец, а новите две патарини ќе бидат по 50 и 70 денари во еден правец. И покрај знаците и сигнализацијата, сепак како за прв ден, многу автомобили, го згрешија и патот. Најскапа патарина во земјава ќе биде едната од двете на автопатот Демир Капија – Смоквица која ќе чини 100 денари. Таа треба да почне со наплата за седум дена, а другата допрва ќе се гради.

Така граѓаните кои летово ќе патуваат од Скопје до Богородица, само за патарини ќе треба да платат 280 денари во еден правец или вкупно 560 за во двата правца. Додека пак тие кои патуваат од Табановце до Богородица ќе треба да издвојат по 340 денари за патарини само во еден правец.

Цените на останатите патарини останува иста. Има намалување само на сумите на две патарини кои се плаќаат во евра. А во новиот ценовник има и нова категорија возила, тоа се мотори кои ќе плаќаат поефтина патарина бидејќи до сега влегувале во категоријата автомобили.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Маричиќ до тетка Верица: Како ќе растат внуците, така и пензиите ќе растат !!

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде што тој е дел...

Повторно го згрешивме знамето: Македонската армија и се заблагодари на Норвешка со знаме на Исланд

Македонската армија преку Фејсбук и се заблагодари на Норвешка, но го згреши знамето, па го искористи тоа на Исланд. „Моторните возила од Кралството Норвешка веќе...

Рибар во албанскиот дел на Охридското Езеро улови коран тежок 13,2 килограми

Рибарот Ylli Jaçellari во албанскиот дел на Охридското Езеро успеа да улови пастрмка – коран тежок 13,2 килограми. Тој е 45-годишен лиценциран риболовец од Уденишт,...

Боки 13 тврди дека Камчев и Русковска знаат каде е милионот од Луи Витон торбата од „Рекет“

Бојан Јовановски во јавноста познат како Боки 13 денес на прес-конференција пред Основниот кривичен суд Скопје рече дека бара фер, а не хистерична и...