9.9 C
Ohrid
четврток, април 25, 2024
ПочетнаМакедонијаНАЈГОЛЕМА ВЕЖБА ВО ЗЕМЈАВА На Криволак почна „Одлучен удар“, со 2.700 војници

НАЈГОЛЕМА ВЕЖБА ВО ЗЕМЈАВА На Криволак почна „Одлучен удар“, со 2.700 војници

spot_imgspot_img

На армискиот пиолигон „Криволак“ денеска почна теренската вежба „Одлучен удар“ на кој ќе учествуваат околу 2.700 војници од земјава и од пет држави партнери во НАТО. Вежбата ја отвори заменик министерот за одбрана Беким Максути, во присуство на в.д. амбасадорот на САД Микаела Швајцер-Блум и други гости.

Максути на отворањето рече дека  „Одлучен удар“ е досега најголема вежба која ја организира нашата армијата и која вклучува и армии на уште пет сојузници – САД, Литванија, Албанија, Бугарија и Црна Гора и се случува во вистинско време, време во кое земјата е исклучително горда на постигнатото.

Според него, фактот што над 2.700 припадници на армиите на земјите учеснички ќе бидат дел од комплексната вежба уште еднаш го потврдува мислењето на НАТО и на сојузниците дека Северна Македонија е подготвена и има капацитет и искуство да организира и координира вежби и обуки од големи размери.

„На нашите сојузници учесници на вежбата сакам да им порачам дека и со оваа вежба и со приемот на Северна Македонија во НАТО вие добивате искрен и посветен сојузник кој покажа дека знае сериозно да им пристапи на сите предизвици и знае да донесе тешки и храбри, но вистински одлуки кои влијаат на безбедноста на регионот и на евроатлантската област“, рече Максути.

Тој истакна дека Алијансата добива сојузник кој цврсто верува во нејзините вредности и кој знае да се бори за демократијата, слободата, еднаквоста и владеењето на правото, сојузник кој знае дека живеењето и применувањето на тие вредности е основата за развој на едно современо, демократско европско општество.

„Додека се подготвуваме да ѝ посакаме добредојде на Северна Македонија како 30. членка на НАТО, пригодно е што ‘Одлучен удар‘ се случува овде на Криволак. Оваа вежба е моќен пример за тоа како вашите воени сили се подготвуваат да станат сила во НАТО. Вежбата, исто така е доказ дека Северна Макеоднија веќе придонесува во Алијансата“, изјави американската в.д. амбасадорка, Микаела Швајцер-Блум.

Мултилатералните вежби како „Одлучен удар“, како што рече, играат важна одлука во зајакнувањето на нашата заедничка безбедност.

„Тие овозможуваат нашите армии да може да комуницираат и да изведуваат заеднички операции. Исто така, ги поврзуваат нашите војници, градејќи меѓусебно разбирање и лични врски што траат и сите нас не прават посилни“, рече Швајцер-Блум.

Командантот на Здружената оперативна команда, генерал-мајор Павле Арсоски, кажа дека времето што претстои во рамки на вежбата ќе биде искористено за целосно исполнување на плановите за обуките, за извежбување за размена на искуства и за споделување на вештини и знаења, а од Криволак ќе се испрати силна порака за стабилност и безбедност во регионот и Европа.

„Одлучен удар“ ќе трае до 9 јули, а на вежбата ќе има 26 настани, 96 задачи и 13 тактички вежби со боево гаѓање со пешадиско оружје, артилерија и хеликоптери.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Од денеска поскапува регистрацијата на возилата

Осигурителните компании денеска ги пречекаа граѓаните со нови ценовници. Цената на полисата за автоодговорност е поскапена за 15,4 отсто. Па така наместо досегашните 5.453...

Нереално е дека Давкова ќе победи со 100 илјади гласови разлика, рече Маричиќ пред месец дена во студиото на ТВ21

Бојан Маричиќ од студиото на ТВ21 пред еден месец, рече дека борбата помеѓу Силјановска-Давкова и Пендаровски ќе биде тесна, и дека Пендаровски на крајот...

Стружанецот Качевски, кој е ФИФА судија прослави јубилеј: 100 отсудени меча во ПМФЛ

Стружанецот Качевски, кој е ФИФА судија од 2022 година, имаше јубилеј во Првата македонска фудбалска лига. Зад своето име арбитарот дојде до бројката од...

Стигнаа 76 неборбени возила од Норвешка за Македонија

Кралството Норвешка денеска ѝ ја предаде донацијата од 76 неборбени моторни возила на земјава. На предавањето на возилата во касарната „Илинден“ во Скопје свои...