11.9 C
Ohrid
среда, април 24, 2024
ПочетнаМакедонијаВладата молчи ама народот се крена: Протест против рудникот Иловица-Штука

Владата молчи ама народот се крена: Протест против рудникот Иловица-Штука

Пријатели, чекајќи ги конечните одлуки и решенија на институциите, денес народот ја извојува првата самостојна битка! Вака организаторите на денешниот собир ги окарактеризираа блокадите на археолошките ископувања на „Еуромакс“ за планираниот рудник на бакар Иловица-Штука.

Концесијата е истечена, надлежните институции и Министерството за животна средина и просторно планирање молчат, па ние решивме да преземеме конкретни дејства – мирни блокади со кои беше блокиран патот до местото каде што „Еуромакс“ планира да врши испитувања под маската на донатор за археолошки истражувања. Првиот ден од блокадите помина успешно. Луѓето на „Еуромакс“, знаејќи и самите дека нивните дејствија немаат легалност, се вратија и не пристапија кон пробивање на блокадата“, велат претставниците на здруженијата „Здрава котлина“ и „Еко долина“.

Археолози од Заводот и Музеј од Струмица и вработени на „Еуромакс“ денеска планираа да ги продолжат археолошките истражувања на локалитетите каде треба да никне рудникот за бакар Иловица-Штука на планината Огражден.

Жителите на околните села бараат Владата во најскоро време да го донесе потребното решение и согласно законите да биде одземена концесијата за рудникот.

Од Заводот и Музеј во Струмица велат дека вршат археолошко истражување на локалитетот Анови и дека биле ангажирани од компанијата „Еуромакс“, но нивното дејствување е во рамките на законската регулатива.

Активистите од „Здрава котлина“ и „Еко долина“ се заканија дека и во наредните денови ќе ги спречат археолозите и вработените на „Еуромакс“ да оперираат на Огражден на археолошките истражувања.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Неважечки ливчиња има тројно повеќе од гласови за Стевчо

Од вкупно обработени 50,86% избирачки места вкупно гласале 434.897 гласачи, од кои важечки се 421.722 избирачки ливчиња. Вкупниот број на неважечки ливчиња е 11.539...

Првичните официјални резултати во општина Дебрца: ВМРО ДПМНЕ 1100- СДСМ 377

На Претседателските избори во Македонија ВМРО ДПМНЕ води со огромна разлика. Шило Магазин ги доби и официјалните резултати од Општина Дебрца- ВМРО ДПМНЕ 1100- СДСМ...

СДСМ: Ги очекуваме првичните резултати од изборите.

Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ, прес-конференција по завршувањето на претседателските избори, Скопје, 24.4.2024 година Изборниот ден помина во фер и демократска атмосфера, а граѓаните својата...

Таравари: По долги години ДУИ конечно оди во опозиција

Кандидатот за претседател од редовите на албанската „Вреди“, Арбен Таравари на првата прес – конференција по затворањето на гласачките места порача дека очекува на...