8.9 C
Ohrid
сабота, април 20, 2024
ПочетнаЗабаваЛогика на инфлуенсерите: Тие патуваат низ светот, а некој друг да им...

Логика на инфлуенсерите: Тие патуваат низ светот, а некој друг да им плаќа

Каталин Онк и неговата девојка Елена Енгелхарт од Германија се потпираат на финансиската помош на мајка му за да патуваат низ светот и своите авантури да ги споделуваат на Instagram како инфлуенсери.

Нивните следбеници бурно реагираа кога дознаа дека мајка му всушност работи две работи за да може да им го овозможи тоа.

Двајцата милениумци од Германија имаат пропатувано многу низ светот, а неодамна креираа апел за финансиска помош на Gofundme за да соберат пари за нивното патување во Африка.

Сакаат да соберат 10.000 долари за нивната „Африканска авантура“. Откако го објавија апелот поминаа 10 дена и собраа само 200 долари од осум луѓе.

Причината зошто толку бавно се собираат пари е фактот дека двајцата неодамна признаа дека мајката на Каталин е всушност таа што ги финансирала нивните патувања досега, а тие двајцата не мрдаат со прст.

Нивниот изговор е дека „нормалните работни места не се за нив“ и дека „овој стил на живеење совршено им одговара“.

„Мајка ми ни помага, работи на две места и не ѝ остануваат многу пари за себе. Не ѝ бараме пари, таа сака да ни помогне“, објаснува Каталин.

Сепак, нивните следбеници не беа убедени во приказната и коментираат дека се себични и дека треба тие да ѝ помагат нејзе, а не обратно. Имаше и такви што сакаат да почнат Gofundme акција за собирање пари за мајката, но потоа рекоа дека таа најверојатно пак ќе им ги даде парите на Каталин и Елена.

„Треба да се засрамите што ги искористувате родителите. Ако сакате ваков стил на живеење, сами заработете за тоа. Мајка ти не треба да работи на две места заради тебе“, напиша еден разочаран следбеник.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Маричиќ до тетка Верица: Како ќе растат внуците, така и пензиите ќе растат !!

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде што тој е дел...

Повторно го згрешивме знамето: Македонската армија и се заблагодари на Норвешка со знаме на Исланд

Македонската армија преку Фејсбук и се заблагодари на Норвешка, но го згреши знамето, па го искористи тоа на Исланд. „Моторните возила од Кралството Норвешка веќе...

Рибар во албанскиот дел на Охридското Езеро улови коран тежок 13,2 килограми

Рибарот Ylli Jaçellari во албанскиот дел на Охридското Езеро успеа да улови пастрмка – коран тежок 13,2 килограми. Тој е 45-годишен лиценциран риболовец од Уденишт,...

Боки 13 тврди дека Камчев и Русковска знаат каде е милионот од Луи Витон торбата од „Рекет“

Бојан Јовановски во јавноста познат како Боки 13 денес на прес-конференција пред Основниот кривичен суд Скопје рече дека бара фер, а не хистерична и...