11.9 C
Ohrid
четврток, април 25, 2024
ПочетнаМакедонијаМеркел: Ќе направам сѐ што можам за одредување датум за почеток на...

Меркел: Ќе направам сѐ што можам за одредување датум за почеток на преговорите на Македонија

spot_imgspot_img

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска од Брисел се заложи дека ќе стори сѐ за одредување датум за почеток на преговорите на Македонија за членство со ЕУ до октомври и порача дека во прашање се неколку недели.

 

Одговарајќи на прашање на МИА на крајот на дводневниот самит на лидерите на Европската Унија, за тоа дали може да гарантира датум за преговори, откако одлуката беше одложена до крајот на октомври, Меркел изјави дека лидерите на ЕУ вчера разговарале за Северна Македонија.

„Ќе направам сѐ што можам за да се донесе таа позитивна одлука затоа што Северна Македонија направи примерна работа со Преспанскиот договор, одлична работа, и разговаравме за ова вчера. Станува збор за неколку недели, навистина, но нашата заложба стои и што се однесува до мене ќе ја заложам сета своја политичка тежина за ова“, изјави Ангела Меркел.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Врховен одлучи: Таткото на убиената Вања оди во домашен притвор

Врховниот суд на Република Северна Македонија ја уважи жалбата на таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, ја укина определената мерка притвор и за обвинетиот определи...

Стојанче: Овојпат ДУИ мора да падне, со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме

По вчерашниот пораз на СДСМ утрово се огласи и Стојанче Ангелов. СЕГА ИЛИ НИКОГАШ! Колку и да е убедлива, победата нема да биде комплетна доколку ДУИ...

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија. Џаровски соработуваше со најголемите југословенски естрадни...

Доктор Нико си тера мајтап: „Стефчо Јакимовски собра повеќе потписи од гласови“,

Вечерва, кога веќе се познати изборните резултати, кандидатот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски освои околу 5.500 гласови, доктор Нико Беќаровски објави хумористичен статус за него. „Стефчо...