9.4 C
Ohrid
петок, март 29, 2024
ПочетнаЗабаваСе развеле поранешниот малезиски крал и руската убавица поради нејзиниот жесток секс...

Се развеле поранешниот малезиски крал и руската убавица поради нејзиниот жесток секс во базен

Поранешниот крал на Малезија се развел од својата сопруга, руска мисица, само неколку недели по раѓањето на синот, пренеле денес светските медиуми.

Оваа вест се појавила и покрај тоа што поранешната Мис Москва, Риана Оксана Воеводина неодамна на социјалните мрежи зборувала за својот бајковит брак и живот.

Изненадувачката свадба меѓу султанот Мухамед Петти од Келентан и руската убавица во руската престолнина минатиот ноември ги шокирала Малезијците.

Меѓутоа, сега потврдата на разводот укажува на тоа дека поранешниот крал, кој ја напуштил монархијата по откритието за сексот на неговата сопруга во базен на телевизиска емисија, ја прекинал врската.

Разводот бил регистриран како конечен на 1-ви јули оваа година, објавиле медиумите во Куала Лумпур. Сертификатот, кој го носи келантанскиот државен грб, укажува на тоа дека разводот е направен со изговарање на зборот “талак” три пати – најтежок и неповратен облик на развод во исламот.

Сертификатот е копија која се дава на жената, тврдат медиумите, и гласи на нејзиното моминско презиме, Горбатенко.

Како датум на разводот се наведува 22-ри јуни и пишува дека е направен во Сингапур. Да потсетиме, нивниот син е роден само еден месец претходно, на 21-ви мај.

Парот се венчал на 7-ми јуни минатата година на муслиманска церемонија, која била тајна. Нивната врска излегла на виделина кога одржале втора раскошна свадба во московска концертна сала.

Засега Оксана не се огласила за ова на социјалните мрежи.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Сашо Донев, Лидија Петкоска и Грација Бакраческа кандидати за пратеници од Охрид

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за наредните парламентарни избори. На листата во петтата изборна единица има...

Села оди во коалиција со Ахмети, очекува најмалку пет пратенички мандати

Алијанса на Зијадин Села оди во коалиција со Али Ахмети. Со само еден делегат против било одлучено АА да стапи во коалиција со ДУИ...

Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош

Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени...

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...