10.9 C
Ohrid
среда, април 24, 2024
ПочетнаСветАлбанец пронашол фотографија од својата ампутирана нога на кутија цигари

Албанец пронашол фотографија од својата ампутирана нога на кутија цигари

Најголем дел од кутиите со цигари низ светот денес, на задната страна содржат фотографија која предупредува за опасностите од пушењето и ова е веќе прифатено од луѓето. Но, што ако си купите цигари и на задната страна забележите нешто познато.

Едно момче си купило неколку кутии тутун во Луксембург и на задната страна имало човек со една ампутирана нога со предупредување дека пушењето ги затнува артериите. Сепак лузните биле прилично карактеристични и му биле познати на момчето. Тој сфатил дека станува збор за ампутираната нога на неговиот татко.

Сепак, неименуваниот 60-годишен маж, кој е од Албанија, но живее со семејството во Франција не ја изгубил ногата поради пушењето. Неговата нога била ампутирана по вооружен инцидент во 1997 година во Албанија.

Оттогаш, ќерката на човекот ги дала следните коментари за регионалниот весник, Le Républicain Lorrain: „Тој се враќаше од Луксембург. Без да каже еден збор, тој стави голема кутија тутун на масата. Бевме изненадени. Ние не верувавме. Веднаш сите знаевме дека тоа е ногата на нашиот татко. Неговите лузни се карактеристични.“

Човекот тврди дека фотографијата е искористена без негова дозвола и верува дека била земена од локалната болница која ја посетил за да разговара за потенцијалот апарат за одење.

Правниот претставник на семејството, Антоан Фитанте, потврди дека ногата на кутијата со тутун му припаѓа на човекот за кој станува збор и објаснува дека неговиот клиент се чувствува „предаден“. Г-дин Фитанте сега ја контактирал болницата за да се распраша како фотографијата од ногата на човекот била искористена за оваа намена.

Исто така, контактирана е Европската комисија, која има крајна одговорност за дистрибуција на фотографиите на пакувања на цигари во ЕУ. Г-дин Фитанте објаснил дека комисијата најчесто ги користи фотографиите земени од базата на податоци, откако ќе бидат потврдени и објавени со согласност на фотографираната личност.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Македонија му е во срцето: Ова е внукот на Јане Сандански

На собирот во Мелник пред неколку денови имаше стотици присутни Македонци.Меѓу нив беше и внукот на Јане Сандански. Тој вели дека Македонија му е...

Гласачките места се отворија во 7 часот, право на глас имаат 1.814.317 граѓани

Гласачките места се отворија во 7 часот, право на глас имаат 1.814.317 граѓани.. Во 7 часот почна гласањето на првиот круг од седмите претседателски избори....

Охриѓанецот Давид Крстески е нашиот херој од последното Европско Таеквон-до ИТФ првенство освојувајќи бронзен медал во борби

Македонската Традиционална Таеквон-до Федерација од 15-ти до 22-ри април 2024, учествуваше на Европското Таеквон-до ИТФ првенство кое се одржа во Копер, Словенија. На ова...

Полициските чувари од прилепскиот Затвор на протест- Се плашат за својата безбедност од високо-ризичните осуденици

- Полициските чувари од прилепскиот Затвор на протест, се плашат за својата безбедност од високо-ризичните осуденици кои ги чуваат – ...