5.6 C
Ohrid
сабота, април 20, 2024
ПочетнаМакедонијаАПЕЛ: Да му помогнеме на Кичевчанецот Игор повторно да застане на...

АПЕЛ: Да му помогнеме на Кичевчанецот Игор повторно да застане на нозе!

Сите луѓе имаат многу желби, а болните само една „да оздрават“

Вербата во Бог треба да не мотивира на дела!

Да се биде хуман е нешто непроценливо..

Овој човек секогаш бил хуман, а сега истиот има потреба од нашата хуманост!

Игор Петрески кој со своето семејство живее во Кичево боледува од „Мултиплекс Склероза“, болест на нервниот систем која за жал прогресира и во моментов Игор е во инвалидска количка.

За таа цел потребно е да се изврши интервенција со матични клетки во соседна Србија, Белград потточно во „IM CLINIC“ каде за тој медицински зафат се потребни 18.600€

Третманот со матични клетки Фондот за Здравство не го покрива бидејќи станува збор за алтернативно лекување.

Да му помогнеме на Игор кој е сопруг на жена-херој Марија и татко на 3 малолетни златни дечиња, исто така беше и службено лице во редовите на МВР.

Да му помогнеме за конечно да застане на нозе и повторно да му се насмевне на животот! 🙏

Од денес се активни и донации преку:

☎️ Т-Mobile: 143106

☎️ VIP: 143600

Со секој ваш повик, донирате 100 денари.

Или директно на денарска сметка:

250-0320004052 – 59

Шпаркасе Банка

Име и Презиме: Игор Петрески

Да бидеме хумани, да помогнеме, сме покажале и да покажеме повторно дека сплотено и здружено можеме како и секогаш да помагаме кога е најбитно!

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Маричиќ до тетка Верица: Како ќе растат внуците, така и пензиите ќе растат !!

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде што тој е дел...

Повторно го згрешивме знамето: Македонската армија и се заблагодари на Норвешка со знаме на Исланд

Македонската армија преку Фејсбук и се заблагодари на Норвешка, но го згреши знамето, па го искористи тоа на Исланд. „Моторните возила од Кралството Норвешка веќе...

Рибар во албанскиот дел на Охридското Езеро улови коран тежок 13,2 килограми

Рибарот Ylli Jaçellari во албанскиот дел на Охридското Езеро успеа да улови пастрмка – коран тежок 13,2 килограми. Тој е 45-годишен лиценциран риболовец од Уденишт,...

Боки 13 тврди дека Камчев и Русковска знаат каде е милионот од Луи Витон торбата од „Рекет“

Бојан Јовановски во јавноста познат како Боки 13 денес на прес-конференција пред Основниот кривичен суд Скопје рече дека бара фер, а не хистерична и...