14.9 C
Ohrid
среда, април 24, 2024
ПочетнаМакедонијаГолем број питачи во Охрид и Струга дојдени од Баиро..

Голем број питачи во Охрид и Струга дојдени од Баиро..

Во текот на летниот период расте бројот на питачи по улиците.

Питачењето е сериозен проблем во туристички Охрид и Струга. Најчесто на улица се сретнуваат деца од ромска националност на возраст од 7 до 14 години. Голи, боси и изгладнети просат пари од минувачите. Повеќето од нив дојдени се од Баиро и од Штип.

Од граѓанските здруженија велат дека станува збор за организирано питачење. Во текот на летниот период се носат сиромашни деца од други градови, кои се оставени на милоста на граѓаните. Полицијата и ова лето реализира повеќе акции за отстранување на питачите од улица во двата градови.

– „Тоа секако дека претставува една грда слика за туристичките центри Охрид и Струга. Во оваа насока СВР Охрид има акциски контроли не само во централното градско подрачје туку и во останатите делови периферните делови на Охрид и Струга, а целта е да се превенира оваа појава. Ние согласно законот за прекршоци против јавниот ред и мир преземаме мерки. Полициските службеници преземаат мерки по лично согледување но и по дојава од граѓани“, вели Стефан Димоски портпарол на СВР Охрид.

Најчесто лицата што просат на брегот на Охридското езеро се од други градови: Битола, Скопје,а ги има многу и од Источна Македонија. Оние кои се затекнати на лице место се предаваат на Центарот за социјални работи од каде се упатуваат до нивните места на живеење.

-„Најголем дел од лицата кои питачат во Охрид и Струга се малолетници секако дека има и возрасни со нив но она што го преземаме е исто така и против возрасните кон кои се поднесуваат пријави согласно челенот 24 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир.Најголемиот дел од воие лица доаѓаат од други подрачја од Битола, Прилеп и повеќе градови од Источна Македонија и од тука сакам да напоменам дека активно сме вклучени во елиминирањето на оваа појава. Имено питачењето е грда слика за туристичките центри и претставува проблем и за жителите на Струга и Охрид и за туристите “, додава Димоски.

Исто како и лани од јануари до јули годинава на подрачјетто на Охрид и Струга регистрирани и се 15 случаи на питачење против кои се преземени законски мерки. Законот за прекршоци предвидел и казни од 15 до 30 евра во денарска противредност.

Новинар Соња Рилковска

охрид нет

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт!

Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт! Јас никогаш не агитирам за себе, граѓаните знаат за кого да гласаат, знаат да си го...

Како за Бајрам така и Велигден- Бесплатно шишање за сите деца од Православна вероисповед

Како за Бајрам така и Велигден. Почитувани мои Охриѓани, се ближит големиот Православен празник-Велидген. Одлучивме заедно со Берберот Емин Алим од "Barber shop Shogun"на 28.04.2024 (Недела)во...

Уапсен Охриѓанец- Го фотографирал гласачкото ливче

Полицијата во Охрид го приведе А.И.(48), затоа што го фотографирал гласачкото ливче на избирачкото место 1271 во Охрид. По целосно документирање на настанот, против него...

Пецаков: Денес му оддаваме достојна почит на охридскиот револуционер Христо Узунов, кој со својата голема храброст остави неизбришлив печат во македонската историја

Денес му оддаваме достојна почит на охридскиот револуционер Христо Узунов, кој со својата голема храброст остави неизбришлив печат во македонската историја и беше еден...