10.9 C
Ohrid
среда, април 24, 2024
ПочетнаМакедонијаСе огласи девојката Добрила која што беше нападната од таксистот (ВИДЕО)

Се огласи девојката Добрила која што беше нападната од таксистот (ВИДЕО)

Немил настан кој завчера се случил во Скопје, вчера ги преплави социјалните мрежи и предизвика жестоки реакции кај многумина. Ќе има ли кривична одговорност за некој во овој случај?

На видеото кое стана вирално, се гледа како жена е жртва на насилство, во близина на поранешниот скопски саем, кај хотелот Континентал.

Мажот кој ја нападнал оваа жена бил таксист, и веднаш избегал од местото на настанот, беа коментарите под видеото споделувано на социјалните мрежи.

На почетокот на видеото изгледа како жената да сака да направи штета на автомобилот, а потоа насилникот доаѓа и жестоко ја турка, по што таа полугола паѓа на тротоар.

-На 24.07.2019 во 15.30 часот во Полициската станица Центар било пријавено дека на крстосницата на булеварот „Гоце Делчев“ и улицата „Беласица“ се случил инцидент помеѓу З.П.(45) од Скопје и Д.С.(30) од Скопје, изјавија  од МВР за КУРИР и додадоа дека е извршен разговор со лицата и ќе бидат поднесени соодветни поднесоци против нив.

Од Град Скопје пак, втор ден молк за немилиот настан.

Иако КУРИР побара одговор, градските власти не откриваат дали се работи за лиценциран такси возач или див таксист, доколку е лиценциран дали ќе му биде одземена лиценцата и што ќе превземе Градот за да се спречат ваквите немили настани.

Додека Град Скопје молчи, се огласи жената која беше нападната од таксистот.

Станува збор за 30- годишната Добрила Стефановска која за Канал 5 ја објаснува причината за инцидентот.

Стефановска за Канал 5 раскажа дека била натепана од таксистот за банална причина, односно тој немал да и врати кусур.

Ќе има ли кривична одговорност за некој во овој случај?- е прашањето на кое граѓаните бараат одговор од надлежните.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Гласачките места се отворија во 7 часот, право на глас имаат 1.814.317 граѓани

Гласачките места се отворија во 7 часот, право на глас имаат 1.814.317 граѓани.. Во 7 часот почна гласањето на првиот круг од седмите претседателски избори....

Охриѓанецот Давид Крстески е нашиот херој од последното Европско Таеквон-до ИТФ првенство освојувајќи бронзен медал во борби

Македонската Традиционална Таеквон-до Федерација од 15-ти до 22-ри април 2024, учествуваше на Европското Таеквон-до ИТФ првенство кое се одржа во Копер, Словенија. На ова...

Полициските чувари од прилепскиот Затвор на протест- Се плашат за својата безбедност од високо-ризичните осуденици

- Полициските чувари од прилепскиот Затвор на протест, се плашат за својата безбедност од високо-ризичните осуденици кои ги чуваат – ...

73 годишен Тетовчанец, ја затворил снаата во соба и ја тепал.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.К.(73) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „телесна повреда“ при семејно насилство и...