о рамките на фестивалот “Илинденски денови“, НУ Центар за култура, кој е организатор, во соработка со амбасадата на Австралија, во фоајето, отворија изложба на Абориџинска култура, на тема “Каннинг сточен пат“.За изложбата зборуваше Зоран Костовски, почесен конзул на Австралија кој истакна дека на изложбата е претставена Австралија од крајот на 19 век, времето кога во таа држава се отвораат значајни наоѓалишта на руда.-Најголемиот број на рудници се отворени во средишниот дел на западна Австралија, а тоа принудило голем број на сточари своите стада да ги пренесат минувајќи пат долг 1.800 километри. Тој пат минува низ неколку пустини, на трасата од тој пат ископани се 54 бунари, и тој пат наречен „Каннинг сточен пат“ е симбол за тоа како се совладувала природата за подобар живот. Каннинг сточен пат врви низ Абориџинска земја, низ територија на најстарите народи во светот кои според научните истражувања на планетата Земја егзистираат околу 65.000 години.Маја Андоновска Илијевски, директор на НУ Центар за култура, која ја отвори изложбата рече:

-Преку цртежите за „Каннинг сточен пат“ сакавме да понудиме една креативна новина на фестивалот „Илинденски денови“ чии програмски содржини се во тек. Организирањето на изложбата го договоривме неодамна на манифестацијата „Филмска недела на австралискиот филм“. Сега гледаме ретка изложба на уметници кои живеат и творат во своето родно место пренесувајќи ја Абориџинската култура.