7 C
Ohrid
вторник, октомври 15, 2019
Почетна Заедница Сиднеј Парастас за сите Илинденци, бранители и ослободители -Илинден одбележан во Македонската...

Сиднеј Парастас за сите Илинденци, бранители и ослободители -Илинден одбележан во Македонската црковна општина Рокдајл

Translate (Eng):[gtranslate]

Торжествено и Достојно одбележан нашиот Црковен и Национален Празник, Свети Пророк Илија Илинден. Мноштво Богољубиви и Родољубиви Верници го исполнија Храмот Света Петка, и најнапред се заблагодарија а потоа и се помолија на Бога за здравје и спасеније на сите близни. Светиот Пророк Илија како голем светител и Божји служител, ги собра и сплоти сите присутни, кои преку неговото застапништво се помолија и за душите на сите наши предци, Илинденци и Борци за слобода кои животот го положија за ослободување и одбрана на нашата татковина Република Македонија и нашата света Македонска Православна Црква. После Литургијата беше извршен Парастас за сите упокоени Илинденци, Бранители и Ослободители, а пред бистата на Македонскиот Великан Гоце Делчев беше положен венец од свежо цвеке, со што му беше одадена достојна почит и благодарност кон нивното дело. На народот им беше прочитано и Илинденското Послание кое беше упатено од нашиот Архиепископ заедно со членовите на САС на МПЦ-ОА. Нека ни е честит и Вековит Илинден на сите Македонци, и честит Илинден на нашата татковина Република Македонија. На крајот честито име на сите кои се нарекуваат по името на светиот Илија.

Службата ја изврши отец Владо Недевски при црквата Света Петка во Рокдајл

РЕКЛАМА

 

Image may contain: 1 person, standing, crowd and outdoor

 

Image may contain: 7 people, people standing

- Реклами -