10.9 C
Ohrid
среда, април 24, 2024
ПочетнаМакедонијаДен нема глупост да не направат: Министерството за здравство ќе купува 80.000...

Ден нема глупост да не направат: Министерството за здравство ќе купува 80.000 лубриканти на база на вода и без мирис

Министерството за здравство распиша тендер за набавка на 80.000 лубриканти, а согласно програмата за заштита на населението од ХИВ инфекција, пишува vecer.press.

Јавниот оглас е распишан денеска во Бирото за јавни набавки, каде се дадени техничките спецификации. Се работи за подмачкувачи изработени 100% на база на вода, без мирис, без вкус и без боја, без алкохол и без силикон,не петрохемиски производ. Пакување од 3мл до 5 мл, лесни за отворање и погодни за патување и секојдневна употреба. Рок на употреба најмалку од две години, сметано од денот на испораката.

Економскиот оператор да има обезбедено одобрение за запишување во Регистарот на медицински средства издадено од Агенцијата за лекови и медицински средства -МАЛМЕД.

Како што стои во објавениот тендер главен критериум за доделување на договорот е најниската цена. Јавното отворање на понудите ќе се одржи на денот и во часот определен како краен рок за доставување на понудите.

Краен рок за доставување на понуди е 4.септември 2019 година во 12:00 часот во Министерството за здравство.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Охриѓанецот Давид Крстески е нашиот херој од последното Европско Таеквон-до ИТФ првенство освојувајќи бронзен медал во борби

Македонската Традиционална Таеквон-до Федерација од 15-ти до 22-ри април 2024, учествуваше на Европското Таеквон-до ИТФ првенство кое се одржа во Копер, Словенија. На ова...

Полициските чувари од прилепскиот Затвор на протест- Се плашат за својата безбедност од високо-ризичните осуденици

- Полициските чувари од прилепскиот Затвор на протест, се плашат за својата безбедност од високо-ризичните осуденици кои ги чуваат – ...

73 годишен Тетовчанец, ја затворил снаата во соба и ја тепал.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.К.(73) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „телесна повреда“ при семејно насилство и...

Ученикот кој претепа наставничка, од „Димо Хаџи Димов“ ќе биде префрлен во „Владо Тасевски“

Институциите, општината и основното училиште по претседателските избори ќе бараат решение за ученикот кој вчера претепа наставник и нападна ученици, а потоа беше приведен од...