6.9 C
Ohrid
петок, април 19, 2024
ПочетнаМакедонијаГора Писна - Љубовна приказна во комитско време -Нов краткометражен филм

Гора Писна – Љубовна приказна во комитско време -Нов краткометражен филм

Изминатово лето на неколку локации во прекрасните предели на нашата преубава, раскошна и пребогата со природни убавини Македонија, ги снимивме првите кадри за новиот краткометражен филм – Гора Писна. На кратко, ќе ви откријам само малку од дејствието во филмот, тоа е една кратка љубовна приказна која се случила во едно подруго време од денешново. Во време невреме, во време комитско, да се биде верен и предан да две љубови, на две први сакани родината и љубената! Навистина ова не говори многу, но тоа што планираме да го прикажеме во овој краткометражен филм, верувам дека ќе допре до сите вас и ќе ве воодушеви! Сценариото, монтажата како и режијата се мои. Јас сум автор на текстот, како наратор во филмот се јавува прекрасниот и извонреден глас на нашиот добро познат македонски актер Петар Горко. Интересно е тоа што, актерите во филмот, се обични луѓе, но сите со уметнички души! Сите имаат некој стремеж кон глумата и голем талент за истата! Јас го толкувам главниот јунак во филмот, а мојата љубена (мома комита) во филмот, е токму мојата сопруга. Ви ветуваме нешто прекрасно! Имам желба да се прикаже на една од македонските телевизии бидејќи тоа што го прави медиумот, не го прави ни јутуб! (Ќе го видат сите гледачи во Македонија, дури и тие кои немаат интернет) Филмот е целосно под моја продукција, а јас сепак сум само еден обичен човек, кој ова го прави од преголема љубов кон нашето минато, кон нашата култура, традиција, богата историја и се разбира нашата најсакана земја – Македонија. Долго време ве следам како портал на интернет и страница на фејсбук па по проценка, дека вашата страница е една од најзабавните, најдобрите и најпознатите во Македонија и пошироко каде што живеат Македонци, затоа решив да ви се обратам докму вас! – Вели, Горан Марковски (чие име се потпишува како автор на овој краткометражен филм) за нашиот портал!

 

 

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Маричиќ до тетка Верица: Како ќе растат внуците, така и пензиите ќе растат !!

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде што тој е дел...

Повторно го згрешивме знамето: Македонската армија и се заблагодари на Норвешка со знаме на Исланд

Македонската армија преку Фејсбук и се заблагодари на Норвешка, но го згреши знамето, па го искористи тоа на Исланд. „Моторните возила од Кралството Норвешка веќе...

Рибар во албанскиот дел на Охридското Езеро улови коран тежок 13,2 килограми

Рибарот Ylli Jaçellari во албанскиот дел на Охридското Езеро успеа да улови пастрмка – коран тежок 13,2 килограми. Тој е 45-годишен лиценциран риболовец од Уденишт,...

Боки 13 тврди дека Камчев и Русковска знаат каде е милионот од Луи Витон торбата од „Рекет“

Бојан Јовановски во јавноста познат како Боки 13 денес на прес-конференција пред Основниот кривичен суд Скопје рече дека бара фер, а не хистерична и...