8.9 C
Ohrid
петок, април 19, 2024
ПочетнаМакедонијаДЕТАЛИ ЗА СЛУЧАЈОТ СО НАЈДЕНОТО ТЕЛО ВО ГОРНО ОРИЗАРИ Девојката фрлена во...

ДЕТАЛИ ЗА СЛУЧАЈОТ СО НАЈДЕНОТО ТЕЛО ВО ГОРНО ОРИЗАРИ Девојката фрлена во пластична црна кеса покрај пат била убиена

Девојката што беше најдена во црна пластична кеса најверојатно била убиена, ставена во црна кеса, па фрлена покрај патот. Како што неофицијално дознаваме, се работи за насилна смрт, а на нејзиното тело имало повреди од удари.

Телото на починатата девојка од местото каде што било фрлено, со наредба на јавен обвинител е предадено во Институтот за судска медицина и криминалистика во Скопје. Ќе треба да се направи и идентификација на жртвата за да се утврди нејзиниот идентитет.

Откако ќе биде направена обдукција, ќе се знае од што точно починала.

Како што веќе објавивме, црната пластична кеса ја нашол вработен во јавното скопско претпријатие Комунална хигиена додека патувал кон селото Горно Оризари, скопско.

Откако вчера околу 16 часот го нашол мртвото тело во пласична кеса, човекот веднаш пријавил во полицијата.

Надлежните го истражуваат случајот, а откако ќе бидат завршени анализите од обдукцијата, ќе може да се соопштат повеќе детали околу смрта кај девојката, како и тоа дали трагите ќе ги одведат надлежните кон можен осомничен.

Истрагата за случајот е во тек.

извор мкд.мк

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Боки 13 тврди дека Камчев и Русковска знаат каде е милионот од Луи Витон торбата од „Рекет“

Бојан Јовановски во јавноста познат како Боки 13 денес на прес-конференција пред Основниот кривичен суд Скопје рече дека бара фер, а не хистерична и...

Се истепале професорки во средно училиште во Битола

Вчера во СВР Битола, 28-годишната Х.Т. од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка Ј.Н., соопшти МВР. Од...

Се огласи Паљото од Битола: Лажно сум пријавен дека сум пукал со воздушна пушка во бездомно куче од тераса

Зоран Лазаревски – Паљо, познат фитнес тренер и бодибилдер, како и поранешен кандидат за градоначалник на Битола, за „Слободен печат“ вели дека лажно е...

Малолетно момче заедно со неговиот татко натепале полициски службеници со метален предмет !!

Шеесет и четиригодишен кумановец и неговиот малолетен син биле приведени вчера откако со метален предмет нападнале полициски службеници. На 18.04.2024 во 00.35 часот во Куманово,...