17.9 C
Ohrid
вторник, април 16, 2024
ПочетнаЗдравје и убавинаКонсумирањето на риба три пати неделно го намалува ризикот од развој на...

Консумирањето на риба три пати неделно го намалува ризикот од развој на рак на цревата

Една порција риба три пати неделно или почесто го намалува ризикот од развој на рак на цревата, покажуваат резултатите од најновото истражување на британските научници кои сметаат дека таквиот тренд треба да се поттикнува во склоп на здравата исхрана.

Научниците од универзитетот Оксфорд и од Меѓународната агенција за истражување на карцином (IARC) ги истражиле прехранбените навики на 476.160 лица кои пополниле прашалници за тоа колку често јадат одреден вид на храна, пишува “Independent”.

Анкетата опфаќала и прашања за консумирањето риба, а резултатите покажале дека внесот на 360 гр. било каква риба, три пати неделно, ја намалува опасноста од развој на рак на цревата за 12 отсто во однос на консумирањето на 60 гр. дневно. Исто е и кај лицата кои неделно јадат околу 125 гр. масна риба како лосос – евидентиран е 10 отсто помал ризик од развој на рак на цревата.

Истражувачите напоменуваат дека резултатите од студијата, која е објавена во магазинот “Clinical Gastroenterology and Hepatology” не се однесуваат на школки.

Лекарите кои го воделе ова истражување потврдиле дека консумирањето риба е многу здраво за организмот и дека придонесува за намалување на канцерогените клетки. Тие истакнуваат дека биолошките причини за ваквото делување на рибата не се целосно познати, но и дека според една теорија, специфичните масни киселини познати како омега-3 се заслужни за спречување на развој на рак на цревата.

Едноставните промени во начинот на живот можат да бидат многу корисни. Многу е важно во исхраната да се вклучат интегрални житарици, храна богта со влакна и риба, да се води грижа за здравата телесна тежина, умерено да се вежба, да се избегнуваат преработените масни производи и да се ограничи внесот на црвеното месо во организмот.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

За една година затворени 14 училишта во Македонија

За една училишна година се затвориле четиринаесет основни училишта, покажуваат бројките кои ги објави Државниот завод за статистика. „Според податоците на Државниот завод за статистика,...

„ДИРЕКТОРОТ НА ТОКСИКОЛОГИЈА СИ ЈА ВРАБОТИЛ СНААТА“: Новинарот Фуркан Салиу со уште еден „упад“ во клиника, овој пат обвинува за непотизам на Токсикологија

Новинарот Фуркан Салиу во уште едно видео за ПорталХ, обвинува дека директорот на Клиниката за Токсикологија си ја вработил снаата. „Директорот заборавил дека ја вработил...

Пендаровски: За мене сите се еднакви во Македонија.

За мене сите се еднакви во Македонија вели претседателот Стево Пендароваки. Денеска во Ранковце си подадовме рака со активистите на ВМРО-ДПМНЕ и на противкандидатката...

Откриен мотивот за нападот во црква во Сиднеј

Австралиската полиција во вторникот соопшти дека нападот со нож врз епископот на асирската црква и некои следбеници во Сиднеј бил терористички акт мотивиран од...