9.4 C
Ohrid
петок, март 29, 2024
ПочетнаИсторијаПримил пет куршуми наместо Хитлер, единствениот спомен од него продаден е за...

Примил пет куршуми наместо Хитлер, единствениот спомен од него продаден е за огромна сума на пари

Орденот кој го имал телохранителот на Хитлер, поради тоа што наместо водачот на Третиот Рајх примил вкупно пет куршуми, продаден е на аукцијата во Велика Британија.

Станува збор за орден кој бил доделен на Улрих Граф, кој се “фрлил“ на Хитлер за време на неуспешниот германски напад во 1923-та година.

Сребрениот орден од едната страна има нацистички симбол – орел, а од аукциската куќа велат дека достигнал „рекордна цена“ за орден од тој вид – 36.000 фунти.

Граф бил еден од првите припадници на нацистичката партија, а поради нацистичкото минато, неговото семејство во педесеттите години на минатиот век ги продала сите работи кои му припаѓале него.

Во текот на неуспехот на Минхенскиот државен удар во 1923-та година, дошло до пресметка на нацистичките партии и полицијата при што биле убиени 16 нацисти.

Експерт од аукциската куќа „Hansons Auctioneers“ за воени предмети, Адријан Стивенсон, за Би-би-си ја раскажал приказната за тој орден.

„Нацистите во текот на тој државен удар тргнале кон споменикот кој бил подигнат во чест на баварската војска, но таму наишле на полициски кордон. Полицијата веднаш го “запалила огнот“. Граф прво примил куршум во рамото, а потоа застанал пред Хитлер. Тогаш е погоден дури пет пати“.

Стивенсон вели дека орденот го купил некој британски доктор кој поседува “голема збирка ордени од периодот на Третиот рајх.

Додава дека некои земји како Франција, забраниле продавање предмети кои го симболизитаат Третиот рајх, но тоа во никој случај не оди во прилог на нацистичките жртви.

Орденот на аукцијата достигнал многу повисока цена од очекуваната затоа што почетната цена била 3.500/4.000 фунти.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Сашо Донев, Лидија Петкоска и Грација Бакраческа кандидати за пратеници од Охрид

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за наредните парламентарни избори. На листата во петтата изборна единица има...

Села оди во коалиција со Ахмети, очекува најмалку пет пратенички мандати

Алијанса на Зијадин Села оди во коалиција со Али Ахмети. Со само еден делегат против било одлучено АА да стапи во коалиција со ДУИ...

Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош

Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени...

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...