13.9 C
Ohrid
петок, март 29, 2024
ПочетнаМакедонијаЌЕ СЕ ПРОШИРИ ЛИ ИСТРАГАТА Која е улогата на Радмила Шекеринска и...

ЌЕ СЕ ПРОШИРИ ЛИ ИСТРАГАТА Која е улогата на Радмила Шекеринска и Фросина Ременски во аферата „Рекет“

Зошто досега специјалната јавна обвинителка не е осомничена за случајот „Рекет“ и покрај цврстите и уверливо документирани докази против неа, пишува Плусинфо во најновото продолжение за оваа афера.

 

Порталот прашува зошто освен Бојан Јовановски и Зоран Милевски – Кичеец досега не се осомничени и други лица, како на пример од невладината организација Меѓународен сојуз и личностите што ги подигале спорните уплати како хонорари.

„Втората дилема е какво и колкаво било влијанието на Зоран Заев, на Радмила Шекеринска и на потпретседателката на парламентот Фросина Ременски, три водечки лика во македонската политика, врз успешноста на групата на Бојан Јовановски, во нејзините злосторнички активности… Фросина Ременски и формално е член на раководството на Меѓународен сојуз. За неа велат дека заедно со Мандиќ, била „идеолог“ на програмата на невладината на Боки 13-ка, но и на програмата за пензионерски туризам. Не знам дали е тоа точно, но на настаните на Меѓународен сојуз таа е во преден план, а се истакнува и на некои неформални журки на друштвото.

Неофицијално дознавам дека спомнатата Јасна Мандиќ е интересна личност и таа на некој начин е поврзана со Радмила Шекеринска, заменичката претседател на СДСМ. Веднаш да се разбереме, не инсинуирам баш ништо и не сакам да правам сапуница од пријателска конекција на Мандиќ со сопругот на Шеќеринска, преку трети личности. Пријателствата и дружбите се нормална работа и не се ниту криминал ниту злоупотреба, сами по себе. Настрана фактот што Марија Јанковска, една од основачките на Меѓународен сојуз, ѝ е јатрва на Шекеринска. И тоа може да е само обична коинциденција. Но со оглед на невеселите околности, мислам дека Шекеринска сепак ни должи објаснување дали овие релации можеби придонеле Мандиќ да стане членка на Национално координативно тело за имплементација на Конвенцијата на ООН за правата на лицата со попреченост во Република Северна Македонија“, пишува Плусинфо.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Сашо Донев, Лидија Петкоска и Грација Бакраческа кандидати за пратеници од Охрид

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за наредните парламентарни избори. На листата во петтата изборна единица има...

Села оди во коалиција со Ахмети, очекува најмалку пет пратенички мандати

Алијанса на Зијадин Села оди во коалиција со Али Ахмети. Со само еден делегат против било одлучено АА да стапи во коалиција со ДУИ...

Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош

Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени...

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...