25 C
Ohrid
вторник, август 20, 2019
Почетна Македонија Скопјани се молат за дожд за самата вода да го исфрли ѓубрето...

Скопјани се молат за дожд за самата вода да го исфрли ѓубрето од Вардар

Translate (Eng):[gtranslate]

Треви, гранки, пластични шишиња, отпад, па дури и по некој фрлен шпорет… и натаму се вообичаена глетка која граѓаните ја гледаат во коритото на Вардар во централното градско подрачје. Така е со месеци, а изговорот на надлежните е дека е во тек е доградувањето на мостот на кој требаше да се постави панорамското тркало, па потоа…

Грдата глетка опфаќа многу поголем простор, а најлоша состојба е токму во околината на градскиот симбол – Камениот мост. Наместо да гледаат во исчистено и уредено корито, бројните минувачи меѓу кои има и голем број на странски туристи, можат да видат само пример на тоа како не треба да се одржува реката која го прославува и градот низ чиј центар тече.

Апсурдот да биде поголем ваквата грда состојба се случува токму во периодот кога Вардар го има најнискиот водостој заради летното време и големите надворешни температури. Ниското ниво на водата овозможува лесно да се организира акција за средување во чиј тек можат да бидат употребени и одредени градежни машини. Но, ете, тоа не се прави иако би било голем придонес во подобрувањето на ликот на централното градско подрачје.

РЕКЛАМА

Изгледа пак ќе се чека есента, па со помош на дождовите Вардар сам да си се подзачисти.

СкопскоЕхо

- Реклами -