5.9 C
Ohrid
петок, април 19, 2024
ПочетнаМакедонија(ВИДЕО) 17 годишникот бил убиен затоа што е Македонец!

(ВИДЕО) 17 годишникот бил убиен затоа што е Македонец!

Тепачка поради меѓуетничка нетрпеливост е причина за убиството на седумнаесетгодишниот Никола Х., кој ноќеска починал во болница откако бил прободен со нож од А.Т.(18) по расправијата во Паркот на музиката во Ново Лисиче, дознава порталот 24Инфо.

Според информации од извори во истрагата, убиениот малолетник бил гимназијалец од „Корчагин“, а убиецот е тинејџер од Чаир, со потекло од Босна. За убиеното момче сите со кои разговаравме рекоа дека го познавале како мирно дете кое не било склоно кон инциденти. Тренирал и кошарка во МЗТ.

Расправијата била банална и почнала на меѓуетничка основа, бидејќи А.Т., кој бил со пријателот К.Д.(17) налетал на тинејџерите од Ново Лисиче.

Според информациите на 24 Инфо, поголемата група меѓу кои бил и Никола почнала расправија при што А.Т. бил навредуван и во еден момент турнат. Тој паднал, по што станал и почнал да бега. Неколкумина почнале да го бркаат и веднаш го стигнале, по што момчето добило неколку удари. Тогаш А.Т. извадил нож и го пробол Никола во градите, кој силно крварел пред да биде пренесен во болница, а убиецот бил пронајден и приведен.

Имало и постари луѓе на клупите, ама никој не реагирал, можеби мислеле дека не е сериозно, а можеби и се плашеле да се вмешаат да не настрадаат и они – вели еден од соседите.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Малолетно момче заедно со неговиот татко натепале полициски службеници со метален предмет !!

Шеесет и четиригодишен кумановец и неговиот малолетен син биле приведени вчера откако со метален предмет нападнале полициски службеници. На 18.04.2024 во 00.35 часот во Куманово,...

Давкова: Без Охрид, Македонија нема да биде почитувана! – порача таа од синоќешниот митинг.

На 9-ти мај, ќе ја славиме Македонија како твоја и Македонија како горда! Ви ветуваме дека ќе докажеме дека нема да ве срамиме, дека...

Нема влада без Левица…

Со децении веќе доаѓаат со план за власт, да земаат, да пустошат и да крадат! Татковината која ја сакаме ја претворија во перална за...

Македонската професорка Светлана Мојсов е меѓу 100 највлијателни луѓе на светот

Научниот вонреден професор, Светлана Мојсов од Универзитетот „Рокфелер“ е именувана на листата на „Тајм 100“ највлијателни луѓе за 2024 година, која им оддава почит...