9.3 C
Ohrid
четврток, април 25, 2024
ПочетнаМакедонијаСонцето од Кутлеш со брусалица изгребано од шахтите – следни се плоштадите

Сонцето од Кутлеш со брусалица изгребано од шахтите – следни се плоштадите

spot_imgspot_img

Сонцето од Кутлеш го снема од шахтите на плоштадот во Скопје. По насоките од Владата за почитување на одредбите од Прспанскиот договор, работници од утрово ги изгребаа сите обележја каде во најголем дел се наоѓаат и спомениците кои сведочат за тој историски период.

Вчера Владата донесе одлука со која им препорача на општините да ја почитуваат обврската од член 8 од Преспанскиот Договор и да пристапат кон отстранување на симболот на Сонцето на Вергина од сите јавни места и јавна употреба.

Владата им препорача на единиците на локалната самоуправа да ја почитуваат обврската од член 8 став (3) од Конечната спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите 817 (1993) и 845 (1993) на Советот за безбедност на ОН за престанување на важноста на Привремената спогодба од 1995 и за воспоставување на стратешко партнерство меѓу страните и да пристапат кон отстранување на симболот на Сонцето на Вергина од сите јавни места и јавна употреба, стои во соопштението од владината прес-служба.

Општините кои во своите општински обележја го имаат Сонцето од Кутлеш ќе мора да ги сменат, а секое кршење на законот и непочитување на одредбите предвидува и санкционирање, вели министерот за локална самоуправа Горан Милевски. За него одредбите биле јасни и народот бил добро информиран што било договорено во Преспа.

Најмалку петнаесеттина општини – Могила, Виница, Македонска Каменица, Новаци, Илинден, кои во оригиналната форма го имаат сонцето од Кутлеш по насока од Владата ќе мора да имаат да прават измени, но дилемите остануваат и дали интервенции ќе треба да направат и оние општини чии општински обележја имаат варијации од 16-кракото Сонце.

Но не само овие општини, туку и Битола и Прилеп ќе треба да се активираат и на спомениците со Александар Македонски и Филип Втори, ќе мора да закачат ознаки дека овие споменици не се македонски, ами дел од античката хеленска историја и цивилизација.

За популарноста на овој симбол кај нас не зборуваат само институциите и спомениците на кои тој се наоѓа…Туку и бројните сувенирници, продавници каде овој симбол е неизбежен мотив и еден од најбараните за домашните, но и странските туристи.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Ковачевски: Очекував подобри резултати, но јасно е дека граѓаните не казнија

Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва порача дека јасно е оти граѓаните ги казниле. Се надевавме на подобри резултати, но јасно е дека луѓето не...

Пендаровски: Од утре се гледаме на терен, почнуваме од нула

Резултатите не се такви какви што ги очекувавме истакна вечерва на прес-конференција кандидатот за претседател поддржан од СДСМ, Стево Пендаровски. „Од утре продолжуваме со средби...

Засилено полициско обезбедување: ДУИ слави и во Скопје и во Мала Речица

Приврзаниците на ДУИ вечерва на плоштадот „Скендербег“ во Скопје слават по објавата на првичните резултати од првиот круг од претседателските избори, според кои нивниот...

Дурловски: Многу луѓе под седумгодишен политички прогон за првпат вечерва ќе можат да спијат помирно

Многу луѓе под седумгодишен политички прогон за првпат вечерва ќе можат да спијат помирно. Слава ти Господе!, порача вечерва Игор Дурловски, по објавата на...