10.9 C
Ohrid
сабота, април 20, 2024
ПочетнаСветСопственик на ресторан во Албанија нападнал туристи: Се жалеле на храната, а...

Сопственик на ресторан во Албанија нападнал туристи: Се жалеле на храната, а тој почнал да крши сè пред себе

Сопственик на ресторан во Албанија бил уапсен поради физички напад на шпанско семејство и уништување на нивниот автомобил.

Кога петочленото семејство се пожалило на лошата храна и услугата во ресторанот Панорама во местото Химара на југот на Албанија, сопственикот на ресторанот, 51-годишниот Михал Кокедима, физички ги нападнал.

Во обид да побегнат, семејството влегло во автомобил со својот водич, а потоа станале сведоци на уште поголемо дивеење на Албанецот.

Имено, тој скокнал на хаубата и почнал да удира во шофершајбната додека преплашените луѓе гледале, а едно лице од автомобилот почнало да го снима нападот.

Албанецот во себе имал некој вид на ладно оружје со кое успеал да го скрши стаклото.

Кокедима успеал да се држи на автомобилот во движење околу 6 минути, се додека не наишле на полициско возило, пишува “Gazetatema”.

Vincent Triest@VincentTriest

Extreme road rage caught on camera in Albania, after an Albanian restaurant owner attacked a group of Spanish tourists.

Embedded video

547 people are talking about this

Кокедима бил уапсен поради нападот, а подоцна шпанското семејство било примено од албанскиот министер за туризам, кој им се извинил за претрпените трауми.

Инаку, Кокедима и неговото семејство и претходно напаѓале туристи, а во 2017-та година локалните власти ја суспендирале неговата дозвола за работа.

Меѓутоа, тоа не го спречило и натаму да прима гости, ,а голем број од нив, како што покажуваат рецензиите на сајтот “Tripadvisor”, се жалеле на услугата, храната и однесувањето на сопственикот.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Филипче: Сум работел во АВТОПЕРАЛНА и од таму ми е љубовта кон моторите и автомобилите !!!

Познатиот неврохирург д-р Венко Филипче, раскажува за првата посета на операциона сала, како ученик во средното медицинско училиште „Панче Караѓозов“. Во „Неформално“ на Сител...

Маричиќ до тетка Верица: Како ќе растат внуците, така и пензиите ќе растат !!

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде што тој е дел...

Повторно го згрешивме знамето: Македонската армија и се заблагодари на Норвешка со знаме на Исланд

Македонската армија преку Фејсбук и се заблагодари на Норвешка, но го згреши знамето, па го искористи тоа на Исланд. „Моторните возила од Кралството Норвешка веќе...

Рибар во албанскиот дел на Охридското Езеро улови коран тежок 13,2 килограми

Рибарот Ylli Jaçellari во албанскиот дел на Охридското Езеро успеа да улови пастрмка – коран тежок 13,2 килограми. Тој е 45-годишен лиценциран риболовец од Уденишт,...