6.4 C
Ohrid
петок, април 19, 2024
ПочетнаСветДРУГ ВОЗАЧ ЗАВРШИ ВО БОЛНИЦА Страшен судар и трагедија на Ф2 трката...

ДРУГ ВОЗАЧ ЗАВРШИ ВО БОЛНИЦА Страшен судар и трагедија на Ф2 трката во Спа, почина младиот Антоан Убер (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

Денешната трка од Формула 2 во Спа не го дочека својот крај откако во вториот круг дојде до голем инцидент и страшен судар во кој животот го загуби младиот Антоан Убер од Франција а во болница заврши и Хуан Мануел Кореа од Еквадор.

Страшен судар и трагедија на Ф2 трката во Спа и ГН на Белгија. Во вториот круг, младиот Антоан Убер од Франција загуби контрола на излезот од „О Руж“ удри во бариерата а кога се врати на патеката на него налета Хуан Мануел Кореа од Еквадор.

Болидот на Антоан Убер беше преполовен, а болидот на Хуан Мануел Кореа од силината на ударот полета во воздух и се преврте.

Трката веднаш беше прекината, а ФИА подоцна пренесе дека Антоан Убер им подлегнал на повредите. Хуан Мануел Кореа е во болница, но е во стабилна состојба.

 

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Македонската професорка Светлана Мојсов е меѓу 100 највлијателни луѓе на светот

Научниот вонреден професор, Светлана Мојсов од Универзитетот „Рокфелер“ е именувана на листата на „Тајм 100“ највлијателни луѓе за 2024 година, која им оддава почит...

Јакимовски од Охрид: Треба да направиме автопат од Св. Стефан до Св. Наум, да направиме тунел под Галичица

Јакимовски, вчера попладне оствари средба со граѓани на Охрид, пред кои ги презентираше седумнаесетте точки од предизборната програма за претстојните претседателски избори. Доколку ја добие...

Таравари: Гарантираме 800 евра минимална плата !!!

Претседателскиот кандидат на ВЛЕН, Арбен Таравари на денешната прес-конференција рече дека на овие избори има целосно единство на албанската опозиција и тоа гарантира победа,...

Почина познатиот македонски моторџија Тони Шипка.

На 48 годишна возраст почина познатиот македонски моторџија Тони Шипка, соопшти неговиот клуб LOWLANDERS MC MACEDONIA на социјалните мрежи. – Почина Тони Шипка, човек кој...