8.9 C
Ohrid
четврток, април 18, 2024
ПочетнаСветСауди ерлајнс регрутира кандидати од Македонија

Сауди ерлајнс регрутира кандидати од Македонија

Водечката авиокомпанија од Блискиот Исток, и една од топ 5 најголеми авиокомании во светот, Сауди ерлајнс (Saudia Airlines), објави оглас за регрутирање на кандидати од Македонија.

Оваа авиокомпанија, која во 2017 година е избрана за „Најподобрената авиокомпанија“, сега отвора можност за младите и амбициозни луѓе од Македонија да станат дел од нивниот тим. Исклучителни услови и значителни бенефиции како здравствено осигурување, платен одмор, придобивки за купување билети за разни дестинации, конкурентна плата ослободена од данок и применлив додаток, како и целосно наместено и климатизирано сместување што следува за идните вработени.

Доколку ги исполнувате критериумите и мислите дека оваа кариера е вистинска за вас пријавете се до  16 ептември на [email protected] приложувајќи CV, 2 фотографии (една со големина за пасош и една целосна од кандидатот), копија од завршен курс по англиски, скениран пасош или лична карта.

Избраните кандидати ќе бидат повикани на прелиминарно интервју (прв круг) што ќе се одржи во Скопје, а оние кои ги исполнуваат критериумите во првиот круг ќе бидат поканети на финалното интервју со претставници на Сауди ерлајнс, кое исто така ќе се одржи во Скопје.

Saudia Airlines се основани во 1945 година и е национална компанија на Кралството Саудиска Арабија, чија флота од 149 авиони лета до повеќе од 80 светски дестинации. Компанијата е составена од меѓународни професионалци и вработува луѓе од повеќе од 50 земји.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Да беше жив, денес ќе славеше 73 години !!

Ќе наполнеше 73 години Роден на 19 Април 1951та во Скопје! Беше еден од најкреативните, најталентираните и најшармантните актери во Македонија! Беше еден од ретките,...

Доживотен затвор за кочанскиот монструм кој уби жена со 41 убод од нож

По поднесено обвинение од Основното јавно обвинителство Кочани, а по признание на вина, Основниот суд во Кочани донесе осудителна пресуда за едно лице за...

Ахмети на импровизирана седница го избра Села за претседател на Собранието, ги усвои и измените на Уставот!

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети го прогласи лидерот на Алијанса за Албанците, дел од Европскиот фронт, Зијадин Села за претседател на Собранието на Македонија,...

ВМРО-ДПМНЕ традиционално ја стартува кампањата од Охрид, вечерва митинг на Градскиот плоштад

ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Твоја Македонија“, со голем народен митинг, вечерва традиционално ќе ја започнат кампањата за парламентарните избори од Охрид. На настанот, кој со почеток...