8.8 C
Ohrid
четврток, април 25, 2024
ПочетнаМакедонијаЗбогум сиромаштијо: Нина Групер го презема министерството за финансии

Збогум сиромаштијо: Нина Групер го презема министерството за финансии

spot_imgspot_img

Новата министерка за финансии Нина Ангеловска, позната како Нина Групер, денеска го презема управувањето со Министерството за финансии.

Министерката оствари средба со заменик министерката за финансии Ширет Елези и државниот секретар Јулијана Петановска, на која се дискутирани тековните активности на Министерството за финансии.

Ангеловска е позната во јавноста по тоа што на вработените во нејзината компанија им исплаќа исклучиво минимална плата од 12.500 денари.

Според статистиките до кои стигна „Лидер“, објавени пред неколку денови, просечната нето плата во компанијата на Ангеловска изнесува 16,360 денари, но во оваа сума влегува и нејзината плата која е значително висока. Ова значи, дека најголем дел од вработените во „ВЕБСПОТ ДОО Скопје“ (компанијата која го води „Групер“), се осигурани на минималец.

Ангеловска на позицијата министер за финансии доаѓа од приватниот сектор. Таа е основач на „Групер“ – компанија за е-трговија. Ангеловска докторирала менаџмент на Економскиот факултет во Скопје. Има бројни домашни и странски признанија. Германскиот магазин „The Hundert“ ја вбројува во листата на 100 успешни жени основачи на старт-апи, а магазинот „Forbes“ ја наградува со признанието „30 под 30“ за Европа во категоријата малопродажба и Е-трговија. Во 2017 година Ангеловска иницира основање на првата Асоцијација за е-трговија и станува нејзин претседател. Од 2018 година Ангеловска е член на УО на Европската аоцијација за Е-трговија ЕМОТА. Во 2019 таа станува и член на УО на Стопанската комора на Македонија.

Ангеловска во интервју за МИА истакна дека ќе се вложува во проекти што ќе донесат економски раст и ќе ја намалат невработеноста. Таа посочи дека Министерството го очекува амбициозна агенда и реформи, како мерката за стимулирање раст на платите, што е предвидена со претстојаниот ребаланс на буџетот.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Ковачевски: Очекував подобри резултати, но јасно е дека граѓаните не казнија

Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва порача дека јасно е оти граѓаните ги казниле. Се надевавме на подобри резултати, но јасно е дека луѓето не...

Пендаровски: Од утре се гледаме на терен, почнуваме од нула

Резултатите не се такви какви што ги очекувавме истакна вечерва на прес-конференција кандидатот за претседател поддржан од СДСМ, Стево Пендаровски. „Од утре продолжуваме со средби...

Засилено полициско обезбедување: ДУИ слави и во Скопје и во Мала Речица

Приврзаниците на ДУИ вечерва на плоштадот „Скендербег“ во Скопје слават по објавата на првичните резултати од првиот круг од претседателските избори, според кои нивниот...

Дурловски: Многу луѓе под седумгодишен политички прогон за првпат вечерва ќе можат да спијат помирно

Многу луѓе под седумгодишен политички прогон за првпат вечерва ќе можат да спијат помирно. Слава ти Господе!, порача вечерва Игор Дурловски, по објавата на...