5 C
Ohrid
сабота, април 20, 2024
ПочетнаЗабаваШефови од пеколот! - „Ме отпушти бидејќи не сакав да му бидам...

Шефови од пеколот! – „Ме отпушти бидејќи не сакав да му бидам љубовница“

Мислите дека вашиот претпоставен е лош? Овие вистински приказни ќе ве демантираат.

Вработени со шефови од пеколот – на апликација за анонимни признавања, „Whisper“, ги споделиле своите искуства, а многу од нив се навистина ужасни.

„Кога ми почина член од моето потесно семејство, побарав слободен ден за да отидам на погребот. Шефот не ми дозволи со образложение дека работата е на прво место. Додаде дека ќе добијам отказ ако отидам. Дадов отказ. Беше чудовиште“, напишал еден корисник на споменатата апликација.

„Мојот најлош шеф беше во последната компанија каде што работев. Ме понижуваше и се обидуваше да имаме секс во неговата канцеларија. Толку ми е драго што се оддалечив од него“, напишала една девојка.

„Мојот шеф беше апсолутен расист. Откако го пријавив, дадов отказ и си заминав“, вели трет корисник.

„Се повредив на работа и барав надоместок за тоа. Мојот шеф се обиде да ги наговори моите претпоставени да ме исплашат, а потоа ми испраќаше заканувачки мејлови“, напишал еден вработен.

„Во кафулето на бензинската станица на која работев, шефот секогаш ја оставаше храната додека не се расипе. Кога ќе ја тргнев од полицата, ми приговараше. Му се пожалив на регионалниот управител, но тој ме изигнорира, па ја променив работата.“

„Во барот и ресторанот во кој работев, шефот кој беше во брак – доаѓаше пијан и ги малтретираше вработените. Дадов отказ насред смена и никогаш не се вратив“, признава поранешна вработена.

„Шефицата ме уценуваше поради робата која таа ја украде од маркетот“, се жали друга.

„Шефот ме отпушти бидејќи не сакав да му бидам љубовница. Ова не може ни да го замислите“, уште една исповед.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Маричиќ до тетка Верица: Како ќе растат внуците, така и пензиите ќе растат !!

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде што тој е дел...

Повторно го згрешивме знамето: Македонската армија и се заблагодари на Норвешка со знаме на Исланд

Македонската армија преку Фејсбук и се заблагодари на Норвешка, но го згреши знамето, па го искористи тоа на Исланд. „Моторните возила од Кралството Норвешка веќе...

Рибар во албанскиот дел на Охридското Езеро улови коран тежок 13,2 килограми

Рибарот Ylli Jaçellari во албанскиот дел на Охридското Езеро успеа да улови пастрмка – коран тежок 13,2 килограми. Тој е 45-годишен лиценциран риболовец од Уденишт,...

Боки 13 тврди дека Камчев и Русковска знаат каде е милионот од Луи Витон торбата од „Рекет“

Бојан Јовановски во јавноста познат како Боки 13 денес на прес-конференција пред Основниот кривичен суд Скопје рече дека бара фер, а не хистерична и...