10.9 C
Ohrid
четврток, март 28, 2024
ПочетнаСветЖена се породи зад грмушка и го остави бебето во кеса зад...

Жена се породи зад грмушка и го остави бебето во кеса зад продавницата каде работела

Една мајка (36) од селото Черемшан во Татарстан во Русија е фатена на камера како го остава своето тукушто родено бебе во кеса зад продавницата во која работела. Снимката ги шокираше сите, а полицијата успеа да ја пронајде оваа жена. Според пишувањето на руските медиуми, кога почнало породувањето, таа не повикала помош, туку се скрила зад грмушка и сама се породила. Ја пресекла папочната врвца, а потоа од торбата извадила кеса, во неа го ставила новороденото машко бебе, го оставила зад дуќанот и заминала. Плачот на бебето го чуле работниците кои веднаш повикале итна помош и полиција. Детето е однесено во болница, каде е згрижено и не е животно загрозено. Следниот ден полицијата ја уапси жената, која е мажена и веќе има две деца на возраст од 8 и 10 години. Како што пишуваат локалните медиуми, се претпоставува дека сопругот не е татко на третото дете поради што се обидела да се ослободи од бебето. Против неа ќе биде покренато обвинение за обид за убиство.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Села оди во коалиција со Ахмети, очекува најмалку пет пратенички мандати

Алијанса на Зијадин Села оди во коалиција со Али Ахмети. Со само еден делегат против било одлучено АА да стапи во коалиција со ДУИ...

Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош

Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени...

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...

Дуел Ковачевски-Мицкоски на трети април!

Во Среда на 3 април, ден пред стартот на предизборната кампања за претседателските и парлемнатрните избори, Канал 5 телевизија ќе има чест да ви...