5.9 C
Ohrid
петок, април 19, 2024
ПочетнаМакедонијаTројца ученици од Македонија се вратија со медали од Балканската олимпијада во...

Tројца ученици од Македонија се вратија со медали од Балканската олимпијада во Атина

Ученици – информатичари од земјава освоија три медали од кои една сребрена и две бронзени на Балканската олимпијада по информатика што од понеделникот до денес се одржуваше во Атина.

Сребрениот медал го освои Мартин Динев од валандовското село Пирава, а двата бронзени медали им припаднаа на Андреј Величковски од Куманово и Благојче Павлески од Прилеп.

Во тимот беше и Владимир Шарковски од Скопје како натпреварувач, а со тимот раководеа Емил Станков и Владислав Бидиков од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ).

За претседателот на Здружението на информатичари Миле Јованов, натпреварувачите од нашата земја го продолжиле контиунитетот на одлични претставувања во меѓународни рамки и покажале дека со знаењето што го имаат од областа на компјутерските науки можат да се носат рамо до рамо со своите врсници шурум светот.

Главен организатор на БОИ 2019 беше Здружението на информатичари на Грција. Натпреварот се одржа со поддршка од грчкото Министерство за образование и верски работи. На годинашното издание учествуваа 44 натпреварувачи од Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Кипар, Грција, Македонија, Молдавија, Црна Гора, Романија, Србија, Словенија и Турција. Како претставници на земја-гостин на олимпијадата, во неофицијална конкуренција учествуваа и ученици од Италија.

БОИ е регионален натпревар од областа на компјутерските науки за средношколци, на кој традиционално учествуваат по четворица најдобри ученици избрани на националните натпревари во програмирање на земјите-членки на БОИ заедницата. Следната, 28. Балканска олимпијада по информатика ќе се одржи во Словенија.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Малолетно момче заедно со неговиот татко натепале полициски службеници со метален предмет !!

Шеесет и четиригодишен кумановец и неговиот малолетен син биле приведени вчера откако со метален предмет нападнале полициски службеници. На 18.04.2024 во 00.35 часот во Куманово,...

Давкова: Без Охрид, Македонија нема да биде почитувана! – порача таа од синоќешниот митинг.

На 9-ти мај, ќе ја славиме Македонија како твоја и Македонија како горда! Ви ветуваме дека ќе докажеме дека нема да ве срамиме, дека...

Нема влада без Левица…

Со децении веќе доаѓаат со план за власт, да земаат, да пустошат и да крадат! Татковината која ја сакаме ја претворија во перална за...

Македонската професорка Светлана Мојсов е меѓу 100 највлијателни луѓе на светот

Научниот вонреден професор, Светлана Мојсов од Универзитетот „Рокфелер“ е именувана на листата на „Тајм 100“ највлијателни луѓе за 2024 година, која им оддава почит...