17.1 C
Ohrid
сабота, октомври 5, 2024
ПочетнаМакедонијаТАМАРА: ЈА НАУЧИВ ЛЕКЦИЈАТА МАКЕДОНИЈА Е МОЈАТА МАЈКА !!

ТАМАРА: ЈА НАУЧИВ ЛЕКЦИЈАТА МАКЕДОНИЈА Е МОЈАТА МАЈКА !!

Токму кога ги уживаше своите најголеми успеси во музичката кариера, но и најголемиот
успеx на државава на досегашните учества на европскиот избор на песна за Евровизија,
освојувајќи го високото 7-мо место, Тамара Тодевска ја имаше неcpeќата, при изведбата на
националната химна во американската амбасада по повод Денот на независноста на САД – 4
јули, да ѝ ги ампyтиpa клучните стихови на „Денес над Македонија“ во кои се спомнува
името и на големиот, ако не и најголемиот – Гоце Делчев. Се случи тоа во најчувствителниот
момент, кога од бугарска страна постојано пристигнуваа провокации и уцени дека Гоце бил
Бугарин и дека земјава, доколку тоа не го прифати, ќе се соочи со пречка на патот кон ненамерна и резултат на преголема возбуда. Како резултат, Тамара ги откажа домашните
настапи и привремено се повлече од друштвените мрежи. По сета таа исцрпувачка сага (за Тамара), таа вечерва им се враќа на настапите, со изведба
на Камениот мост во Скопје во склоп на манифестацијата „Звуците на чаршијата“, пишува
„Фокус“, кој направи ексклузивно интервју со пејачката. Прашана за „хајката“ поради
изоставувањето на Гоце Делчев во химната, Тамара вели:
„Верувам дека во животот ние самите сме си одговорни за работите што ни се случуваат.
Знам дека направив голема грешка и навистина ми е жал за се што се случи. Не велам дека
ми беше лесно тие неколку денови, но од друга страна јас знам која сум, знам што сум и
знам во што верувам и ниеден лош коментар или навреда тоа нема да го промени.
Македонија е мојата татковина. Земјата која ме направи појака, похрабра, помудра. Земјата
во која растат моите деца и земјата со која се гордеам. Сѐ во животот е лекција, а јас ја
научив мојата“. Целото интервју, во кое Тамара зборува за Евровизија, за
откажувањето на настапите, за поддршката, но и за ветената донација од 10.000
евра од страна на менаџментот на 1ТВ на чело со Бојан Јовановски, кој во
меѓувреме заврши во притвор за „Рекет“, прочитајте го ТУКА.

https://fokus.mk/intervju-so-tamara-todevska-donatsijata-od-10-000-evra-od-boki-13-nikogash-ne-beshe-realizirana/

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Болницата плодност се збогува со своите колеги

Во 12 часот напладне, во Болницата Плодност се одржа комеморативен настан за трагично загинатите наши медицински лица, примариус д-р Александар Ристески, врвен македонски радиолог,...

Пецаков: Од народ за народ, 80.000 денари од хуманитарниот турнир ќе бидат префрлени на сметката на нашата нашата сограѓанка Бојана Бонеска, на која за...

Од народот за народот таму каде што е најпотребно. СРЦ „Билјанини извори“ во соработка со Општина Охрид, организираат хуманитарен фудбалски турнир по повод 7ми...

Таравари: Лекари од приватното сакаат да се вратат во државното здравство

Укинувањето на економските директори во здравството прави заштеди во секторот, а за прв пат по 15 години имаше и проширување на позитивната листа. Ова...

Над 10 илјади евра годишно ја чини државата еден затвореник

Директорот на Управата за извршување на санкции Александар Пандов вели дека еден затвореник државата ја чини околу 2 100 денари на ден или над...