7.9 C
Ohrid
четврток, април 25, 2024
ПочетнаМакедонијаТИРАНА Македонците бараат македонскиот јазик да биде службен во Албанија

ТИРАНА Македонците бараат македонскиот јазик да биде службен во Албанија

spot_imgspot_img

Македонско друштво „Илинден” од Тирана, ја поддржува Резолуцијата за унапредување на положбата, правата и слободите на Македонците во Република Албанија, усвоена на третиот конгрес на македонската партија, Македонска алијанса за европска интеграцја (МАЕИ), одржан на 7 септември во Тирана.

Делегатите на третиот Конгрес на МАЕИ, со изгласувањето на Резолуцијата за унапредување на положбата, правата и слободите на Македонците во Република Албанија останаа доследни на барањата за почитување на правата на Македонците во Република Албанија,за што во континуитет се залага и друштвото ‘Илинден’“, стои во соопштенето на друштвото.

Во исто време, се бара МАЕИ целосно да се ангажира точките од Резолуцијата да се реализираат и ги повикува Македонците во Албанија „да ја поддржат Македонска алијанса за европска интеграција како единствен пат за остварување на правата на Македонците во Голо Брдо, Мала Преспа, Гора и во цела Република Албанија“.

„Овој значаен документ, содржи 27 точки во кои се наведени барања за остварување на легитимните права на Македонците, а што секако ќе ги оствариме само со тесна соработка меѓу сите нас Македонците во Република Албанија и нашите здруженија“, се посочува во соопштението.

Притоа се наведуват дел од барањата, кои се содржани во документот, како што е  правичната застапеност во органите на државната власт и другите јавни институции, да има загарантирани места во Собранието на Република Албанија за сите малцинства, Собранието на Република Албанија да донесе нова територијална реформа со цел да се оформат две посебни општини Гора и Голо Брдо, во единиците на локалната самоуправа каде што најмалку 10 отсто од граѓаните се Македонци, службен да биде и македонскиот јазик, образование на сите нивоа на македонски јазик… и други барања  за остварување на легитимните права на Македониците.

 

 

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Стојанче: Овојпат ДУИ мора да падне, со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме

По вчерашниот пораз на СДСМ утрово се огласи и Стојанче Ангелов. СЕГА ИЛИ НИКОГАШ! Колку и да е убедлива, победата нема да биде комплетна доколку ДУИ...

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија. Џаровски соработуваше со најголемите југословенски естрадни...

Доктор Нико си тера мајтап: „Стефчо Јакимовски собра повеќе потписи од гласови“,

Вечерва, кога веќе се познати изборните резултати, кандидатот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски освои околу 5.500 гласови, доктор Нико Беќаровски објави хумористичен статус за него. „Стефчо...

Ковачевски: Очекував подобри резултати, но јасно е дека граѓаните не казнија

Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва порача дека јасно е оти граѓаните ги казниле. Се надевавме на подобри резултати, но јасно е дека луѓето не...